Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Адел се уште не е разведена

Egghead06, Adele Live 2016 tour, CC BY-SA 4.0

Адел се уште не е разведена

Британската пејачка Адел дури деновиве има постигнато спогодба околу разводот со својот поранешен сопруг, што значи дека таа и натаму (формално) не е разведена, две години по соопштението кое го имаат дадено и обајцата дека се разведуваат.

Според лондонските таблоиди, Адел уште во септември 2019 година има поднесено документи за раскин на бракот, во кои, како причина за разделбата, ги наведува „непремостливите разлики“ меѓу нив двајцата, за да може да продолжат да живеат заедно.

Тоа е време кога и обајцата, по секоја цена, сакале да обезбедат старателство над нивниот осумгодишен син.

Во март минатата 2020 година, пејачката и поранешниот сопруг имаат постигнато спогодба за заштита на податоците околу деталите поврзани со нивниот развод.

Адел и Сајмон Конеки ја имаат почнато својата врска во 2011 година, но деталите за тоа дека се заедно, не ги откриваа за јавноста. Никогаш, ниту таа, а ниту тој немаат потврдено дека се во брак. За брачната врска се разбра, посредно, откако фоторепортерите снимајќи ја пејачката, го „уловија“ венчалниот прстен на нејзината рака.

На 59-тото доделувањето на наградата Греми, примајќи ја наградата, Адел му се заблагодари за постигнатото на својот сопруг и тоа беше прв пат, таа да потврди дека е мажена. Но во брачна врска останаа само три години.

По разделбата, Адел одлучи целосно да се промени, ослабнувајќи дури 40 килограми, со помош на посебен режим на исхрана за кој не сака да зборува. Тоа ја има направено да биде речиси непрепознатлива, но од тогаш таа малку настапува и воопшто не издава нови албуми.

Овие денови самата објави дека одбележува 10 години од нејзиниот албум „21“ објавен на 24 јануари 2011 година. Пет години, меѓутоа, таа нема издадено ништо ново. Одбива да зборува кога ќе се појави нејзиниот следен албум.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе