Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина Џон Ле Каре

German Embassy London, John le Carré giving his thrilling keynote speech (35280372555), CC BY 2.0

Почина Џон Ле Каре

Британскиот писател на шпионски романи Џон Ле Каре, почина во 89-та година од животот. Починал во саботата, во својот дом во областа Корнвол, во југозападна Англија, од воспалување на белите дробови.

Во текот на својата писателска кариера има напишано 25 романи и важи за еден од најпознатите писатели од англиското говорно подрачје.

Првиот роман го има напишано во 1961 година, истата година кога во Берлин, беше подигнат ѕидот со кој овој град остана поделен се до падот на комунизмот.

Негови најпознати романи се „Луѓето на Смајли“ преку кој го има изградено ликот на својот главен јунак, инспекторот Џон Смајли, како и „Tinker Tailor Soldier Spy” (некаде преведен како „Џандар, дама, крал, шпион“) и „The Spy who came in from the Cold”. Сите три дела се претворени во филмови и во телевизиски серии.

Во еден период од својот живот Џон Ле Каре, работел во британскиот Форин Офис, како еден од дипломатите во британската амбасада во Бон, тогаш главен град на поделена Германија. Но, има работено и како оперативец за британската разузнавачка агенција МИ6 .

Од разузнавањето се повлекува рано, во 1964 година, кога во тоа време на Студената војна, еден западен шпион кој работел и за Советскиот Сојуз, по пребегот на Истокот, им го открива на Русите и неговото име меѓу британските разузнавачи. Неговото вистинско име е Дејвид Корнвел.

Како писател тој го има користено само својот псевдоним – Џон Ле Каре. По повлекувањето од МИ6 го користи своето искуство како разузнавач, за правењето на неговите романи.

По повод неговата смрт се изгласија низа познати писатели од Британија и од САД, оддавајќи му почит за неговата литерарна работа. Писателот Стевен Кинг го нарекува Ле Каре „гигант во литературата“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе