Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Нема попуштање за поранешниот крал

Image by א (Aleph), http://commons.wikimedia.org, Juan Carlos I of Spain 2007, CC BY-SA 2.5

Нема попуштање за поранешниот крал

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос не заслужува да добие и да има посебен правен третман, во врска со финанскиот скандал во кој екс суверенот е замешан и за што е отворена и службена истрага – соопшти владата во Мадрид.

Ваквата остро интонирана изјава на владата на премиерот Педро Санчез, доаѓа по пишувањето на шпански весници „Ел Паис“ и „Ел Мундо“. Весниците се повикуваат на неидентификувани извори во владата за тоа дека (преку своите адвокати) Хуан Карлос изразил подготвеност за т.н. спогодување со обвинителството, а дека за сето тоа била информирана и владата.

Вина за неплаќање данок

Според весниците и владиниот извор, екс кралот бил подготвен да признае неплаќање данок (како помало кривично дело). Мадридските весници велат дека станува збор за износ од над 500 илјади евра.

Тоа, во осново, не е незаконско, или спротивно на законите, затоа што законот во Шпанија предвидува дека доколку едно лице признае оти нема пријавено и платено данок, но потоа го има платено целиот долг кон државата, одбегнува да биде кривично гонето. Впрочем, нешто слично се има направено со неколкумина од најпознатите фудбалери кои играат во шпанската фудбалска лига.

Адвокатите на Хуан Карлос, меѓутоа, засега одбиваат да потврдат, или да одбијат дали информацијата во весниците е точна, односно дали тие на обвинителите им имаат понудено едно вакво правно спогодување.

Поранешниот популарен крал кој мораше и да абдицира поради скандалите со кои беше соочен, во аферата се поврзува со обвинувања за перење пари. Целиот случај, инаку, први го имаат откриено и покренато швајцарските обвинители, врзувајќи две оф – шор фондации во Швајцарија за поранешниот крал, уште додека тој беше на престолот.

Абдикација и преселба

На таа основа во јуни годинава, официјална истрага беше покрената и во Шпанија.

Аферите околу поранешниот крал кој беше еден од најзаслужните за обновата на демократијата во земјата, по повеќе децениската диктатура на генералот Франциско Франко, предизвикаа тој да абдицира во полза на синот – престолонаследник Филипе Шести. Целта беше со тој потег да се сочува угледот на монархијата. Во август годинава екс кралот и ја напушти Шпанија и се насели (велат привремено) во Обединетите Арапски Емирати.

Тогаш Хуан Карлос изјави дека останува достапен за истрагата која се води во неговата земја.

Во меѓувреме, актуелниот крал, Филипе со неколку потези јавно се дистанцираше и од таткото и од фондациите за кои десничарската опозиција тврдеше дека младиот крал се уште ги користи. Кралот Фелипе, се откажа од целото финанскио наследство од таткото.

Аферите, сепак, според шпанските и европските медиуми го имаат засилено републиканското движење во Шпанија кое бара укинување на монархијата.

(М.Ш.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе