Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Руски олигарх убиен со стрела

Руски олигарх убиен со стрела

Рускиот олигарх Владимир Маругов е убиен со стрела, додека со својата партнерка бил во кабина-сауна, поставена на отворено – соопштила руската полиција. Се верува дека во убиството на олигархот учествувале двајца маскирани напаѓачи кои веднаш потоа избегале.
Жената чиј идентитет не се открива, успеала да избега низ прозорецот на кабината и ја повикала полицијата.

Убиениот е сопственик на неколку од најголемите погони во Русија за преработка на месо и за производство на колбаси, па во тамошната јавност и во рускиот бизнис важи како „кралот на колбасите“. Кога пристигнала полицијата успеала само да ја констатира смртта на Маругов чие тело било најдено покреј стрелата која го убила.

Рускиот Комитет за истрага (што се смета за руска верзија на американскиот ФБИ) има соопштено дека бил притворен маж, осомничен во врска со убиството, но нема дадено никакви други детали.

Нападот и убиството биле извршени на приватниот, селски имот на Маругов, кој се наоѓа на околу 40 км. од Москва.

Локални медиуми тврдат дека напаѓачите претходно барале пари од убиениот, пред да избегаат со голема брзина со автомобилот со кој дошле. Подоцна, возилото било пронајдено, оставено во градот Истра, во околината на рускиот главен град.

Сега се потсетува дека минатата година, во сообраќајна несреќа, загинал и синот на Маругов, но не се споменува дали таа смрт, е сомнителна и дали воопшто, на некој начин, може да се поврзе со убиството на неговиот татко- „кралот на колбасите“ во Русија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе