Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Малик „се плаши“ од ликот во филмот за Бонд

DFree/BigStock.com

Малик „се плаши“ од ликот во филмот за Бонд

Актерот Рами Малик, признал дека му било психолошки тешко да го толкува ликот на главниот негативец, во најновиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд – „No Time to Die”.

Филмот се уште чека за светската премиера, иако е подготвен уште пред една година. Требаше тоа да се случи пролетва, но поради коронавирусот, се одложи за есенва. Сега сето тоа е префрлено за 2021 година.

Во филмот, покрај Даниел Крејг, кој за последен пат се појавува како Џејмс Бонд, ликот на „лошкото“ Сафин, го игра Малик. За лондонските весници тој рекол дека Сафин е „многу страшен лик“.

„Кога ќе помислам на Сафин, веднаш гледам некој кој делува како многу педантен, но во исто време и како многу проницлив човек. А, во тоа има нешто вознемирувачко“ рекол актерот.

Според неговото објаснување на овој лик „Сафин остава чувство како некој постојано да ве посматра и надгледува, па почнувате да се прашувате, за тоа што е исправно, а што не е, како и дали тоа вашата перцепција е добра, или пак е по зло исправна“.

Рами Малик, претходно играше во филмот „Боемска рапсодија“, направен за Фреди Меркјури, фронтменот на прославената британска рок група „Квин“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе