Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Убиецот на Ленон (сега) жали за убиството

Wollwerth Imagery/BigStock.com

Убиецот на Ленон (сега) жали за убиството

Марк Чепмен, човекот кој го уби Џон Ленон, фронтменот на англиската група „Битлси“ и се извини на неговата вдовица Јоко Оно, 40 години по убиството што овој Американец го изврши во Њујорк.

Тој дури сега се извинува за, како што рекол „тешкото злосторство“ што го има извршено, убивајќи целосно невин човек. Својот неразумен чин, тогаш 25 годишниот Чепмен, кој сега има 65 години, го објаснува на тој начин, што признава дека му завидувал на славата и на популарноста на Ленон и дека сакал и тој да биде како него – исто така, славен низ светот!

Или, што ќе рече – го убил познатиот музичар само затоа што му бил љубоморен на Ленон за славата што ја имал.

Минатиот месец Чепмен има поднесено барање за условно ослободување од затвор, но комисијата за условен отпуст при судот во Њујорк – по 11 пат го има одбиено неговото барање.

Покајувањето и извинувањето на убиецот е дел од неговата изјава пред комисијата, што сега е објавена. Во својата самокритика Чепмен оди до таму што рекол дека за она што го сторил во 1980 година, заслужил смртна казна.

„Сите овие години размислувам за тоа што го направив. Тоа е неодбранлив чин и жалам за тоа. Како одминува времето се повеќе верувам дека ќе останам во затворот до крајот на мојот живот“ – има речено во текот на сослушувањето.

Комисијата за условно пуштање на слобода го одбила Чепмен со образложение дека „не би можел да се вклопи во општеството“.

Во ова меѓувреме од четири децении поминати зад решетки, Марк Чепмен се има оженето. Неговата сопруга живее покрај затворот каде тој е сместен од пред осум години. Велат дека станал мошне религиозен и дека целиот му се има посветено на Господ.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе