Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Белорусија-Грабнати за да бидат протерани

Pavel Stasevich/BigStock.com

Белорусија-Грабнати за да бидат протерани

Марија Колесникова, една од трите жени кои се јавуваат како предводници на опозицијата во Белорусија, во обидот да се собори диктатурата на претседателот Александар Лукашенко, се наоѓа во затвор.

Таа е уапсена на еден од граничните премини кон соседна Украина, во моментите кога припадници на тајната служба, се обиделе да ја протераат од Белорусија. Претходно, таа и уште двајца нејзини соработници ,  биле грабнати во центарот на Минск и насила внесени во специјално возило со затемнети прозорци, од маскирани припадници на држвната служба за безбедност.

Тројцата киднапирани биле однесени до границата, но таму Колесникова, гледајќи што се подготвува, го искинала својот пасош, за да не може да биде протерана. Белоруската полиција не дава никакви детали за овој случај, освен што потврди дека таа е уапсена.

Колесникова го искинала пасошот

Државните медиуми, под контрола на режимот објавиле дека „ и таа , како и другите, се обидела да побегне во странство“ . Претставници на опозицијата, меѓутоа, уверуваат дека станува збор за лага и за грубо подметнување од власта која на тој начин сака да ги протера , без судење, сите опозициски лидери и да го скрши отпорот против диктаторот.

Украинскиот заменик министер за надворешни работи ја потврдил ваквата верзија за апсењето на Колесникова. Во соопштение од Киев се вели дека таа и уште двајца соработници биле киднапирани и одведени до белоруско-украинската граница за да бидат ПРИСИЛНО ПРОТЕРАНИ.

Намерата на режимот е сите опозициски лидери да бидат надвор од земјата,  во странство, за да во домашната јавност  се прикаже како (божем) опозиционерите ги имаат предадено сите оние кои се на нивна страна и кои на улиците од Минск и другите градови бараат оставка на Лукашенко и одржување нови избори во Белорусија.

Ваквото тврдење се потврдува со две работи.

Првата е дека грабнувањето на Колесникова е извршено веднаш после уште еден масовен митинг во белорускиот главен град на кој 100 илјади граѓани барале слобода и демократија, како и оставка на диктаторот кој 26 години е на власт.

Уште едно грабнување

Втората е дека само два дена по инцидентот со Колесникова, на ист начин , од исто така маскирани лица, среде бел ден,  е грабнат и познатиот белоруски адвокат Максим Знак, последниот член на опозицискиот Совет за координација кој до сега беше на слобода и во земјата. И за него се вели дека се наоѓа во затвор.

Неговите колеги ја алармирале меѓународната јавност откако Знак не се појавил на еден состанок во средата (9 септември) на кој требало да присуствува.

Ова тело на белоруската опозиција е создадено веднаш по наместените претседателски избори од 9 август, на кои Лукашенко победи и по шести пат, добивајќи сега дури 80 отсто од гласовите, како и по протерувањето на претседателската кандидатка Светлана Тихановскаја,  во Вилнус, во Литванија, заедно со своите деца. Советот за координација е создаден за да го надгледува трансферот на власта, од сегашната диктатура во демократија.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе