Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ѓоковиќ дисквалификуван на УСА-Опен

Leonard Zhukovsky/BigStock.com

Ѓоковиќ дисквалификуван на УСА-Опен

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е дисквалификува на Гранд слем турнирот УСА-Опен во Њујорк, во осминафиналето, откако во една своја гневна реакција, по загубен сервис, силно го има удрено топчето, повредувајќи ја линиската судијка.

Во моментот кога судиите го прекинаа мечот со шпанскиот тенисер Пабло Кареко Буста, Шпанецот водеше со 6:5 во првиот сет и беше на пат да поведе во мечот, во кој Ѓоковиќ беше фаворит. Тој потоа има изразено жалење за инцидентот, а и се извинил и на повредената линиска судијка, но рекол дека не требало да биде дисквалификуван, затоа што немал намера да го повреди судијата покрај линијата.

Судијата остана повреден

Главниот судија на турнирот Сорен Фримел, меѓутоа, не мисли така. Во изјава за американските медиуми тој рекол дека не му било лесно да донесе една ваква одлука и тоа против прворангираниот тенисер во светот, но дека правилата (во тенисот), како и правилата за овој турнир се јасни и тие ги знаат сите играчи кои настапуваат во Њујорк.

-Овде е очигледно дека со постапката на играчот (Ѓоковиќ) судијата е повредена и за таквото негово однесување мора да има казна- објаснил главниот судија Фримел.

Мечот, инаку, започнал непријатно за српскиот тенисер кој како да не очекувал дека Буста е подготвен да се надигрува со светскиот рекет број еден, па Ѓоковиќ се повеќе ја покажувал нервозата, што влијаела и на неговата игра.

Гневна реакција

По загубениот сервис, во момент на гнев и лутина, тој без да внимава, силно удрил по топчето кое ја погодило судијата директно во грлото, па таа паднала на теренот како покосена. Од силината на ударот жената им се пожалила на лекарите дека има проблеми со дишењето.

Веднаш по тоа, дошло до долго убедување околу тоа како и што се случило, меѓу тенисерот и главниот судија на турнирот, судијата на мечот и функционерите на турнирот, по што била донесена одлуката за дисквалификација.

Не само што нема да добие ниту еден поен за рангирање, туку српскиот играч нема да подели ниту еден долар од паричниот фонд на турнирот. За досегашниот настап, нему му следуваа 250 илјади долари.

Не е прв случај

По инцидентот, Ѓоковиќ дошол до падната судијка во обид да и помогне, а во единствената изјава што ја има дадено рекол:

„Да, бев многу лут и силно удрив по топчето, но не сакав да ја повредам. Во секој случај не требаше да бидам дисквалификуван“.

Буста, пак, изразил жалење за она што му се случи на неговиот противник, но ја брани одлуката на судиите, затоа што, како што рекол, станува збор за повреда на правилата.

Ова не е прв пат, играч од рангот на српскиот тенисер да биде дисквалификуван за вакви инциденти, на вакви турнири.

Тоа меѓудругото им се случувало и на Мекинро, на Андре Агаси, на Британецот Тим Хенман во 1995 година и тоа на Вимблдон, како и на Ник Киријос, меѓу другите.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе