Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Белград на вода“ – за 1,4 милиони евра

Makina007/BigStock.com

„Белград на вода“ – за 1,4 милиони евра

Цената на становите во Белград, пред се, но и во другите делови на Република Србија, забрзано расте и годинава. На тоа не влијае ниту кризата со коронавирусот и со економијата, затоа што, според службените податоци за првата половина од 2020 година, на пазарот за недвижен имот – најскапите станови се продаваат први.

Како пример за тоа се посочува состојбата околу новата (велат) елитна и контроверзна населба во српскиот главен град – „Белград на вода“ – (изградена по углед на Лондон и на тамошното освојување на бреговите на Темза, каде се наоѓаат најскапите новоградби во Британија).

Околу 1,4 милиони евра се платени оваа пролет, за стан во оваа белградската нова населба, што не е поголем од 150 метри квадратни. Сопственикот на станот, според тамошните медиуми, го купил станот, во готово – во кеш.

Официјалните податоци за движењето на цените на белградскиот станбен пазар, меѓутоа, откриваат дека овој стан и не е најскапиот во главниот град на Србија. Податоците на тамошниот Геодетски завод покажуваат дека најскап метар квадратен, во првите шест месеци од оваа година, изнесува – 9.124 евра.

Во секој случај, 40 од најскапите станови во „Белград на вода“ се веќе продадени.

Велат дека продажбата на скапите станови и во другите делови од градот, посебно во општината Стари град (центарот на Белград), оди мошне добро, иако тука еден квадратен метар изнесува 3740 евра. Во оваа општина, на пример, годинава е продаден стан за 810 илјади евра.

Агенциите за продавање-купување недвижен имот тврдат дека короната и кризата влијаеле на овој пазар, па во овој сектор е забележано намалување на договорите за купо-продажба за 14 отсто.

Но, на пазарот во земјата биле понудени 40.800 станови и куќи, а паричната маса дадена оваа година е намалена само за осум отсто, што потврдува дека цената на становите се зголемила, споредено со 2019.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе