Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Оставка на еврокомесар по Ковид скандал

EU2017EE Estonian Presidency, Phil Hogan (37485195082), CC BY 2.0

Оставка на еврокомесар по Ковид скандал

Еврокомесарот за трговија Фил Хоган (делегиран од Ирска) поднесе оставка на својата функција во Брисел, затоа што ги има прекршено мерките за заштита од ширењето на коронавирусот и болеста Ковид.

Хоган на 19 август бил на една свечена вечера во голф-клуб во ирската област Галвеј, на која имало над 80 луѓе. Во Ирска е дозволено собирање на не повеќе од 50 луѓе, па од тие причини во земјата и натаму се затворени пабовите, рестораните и клубовите.

Овој еврокомесар се најде на удар (во својата земја) и затоа што не се придржувал на правилото за карантин, кога од Ирска допатувал во Брисел, а тоа требало да го направи- да оди во самоизолација од две недели.

Владата во Даблин изврши силен притисок врз Хоган, затоа што (практично) на два пати ги има прекршено мерките против вирусот и на тој начин, како што е речено – „ја изневерил јавната доверба“.

Тој се бранел дека ја известил Урсула фон дер Лејен, претседател на Европската комисија за тоа дека ќе присуствува на настаните во голф клубот во Ирска. Освен тоа, овој еврокомесар тврди дека таму, на 5 август, се тестирал за вирусот кој покажал дека е негативен.

„Сметав дека резултатот од тестот ја исклучува потребата од други рестрикции при движењето“ – изјавил Хоган за ирската државна телевизија РТЕ.

Но, лидерите на владејачката тројна коалиција во Даблин, останале на ставот на владата дека еврокомесарот погрешил и дека треба да поднесе оставка.

Оставката на еврокомесарот Фил Хоган, уследи откако малку пред тоа, оставка поднесе и ирскиот министер за земјоделство Дара Калер, за присуство на истата гала вечера во споменатиот голф-клуб. Министерот беше на функцијата само 37 денови.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе