Два милиони Европејци стануваат Британци
Два милиони државјани на ЕУ кои сега живеат на територијата на Велика Британија, ќе може да го регулираат својот статус (за да станат Британци) на тој начин што ќе им се дозволи да останат да живеат во земјата, после Брегзит.
Од оние кои досега аплицирале за регулирање на статусот, 4600 Европејци се одбиени, а други 36.500 самите се откажале и ги повлекле документите, не сакајќи да останат во Обединетото кралство, сега кога оваа држава се одлучи да ја напушти ЕУ.
За 35 илјади државјани од земјите на Унијата кои во овој период се на британската територија, властите во Лондон велат дека „не требало воопшто да аплицираат, затоа што по ниту една основа не се вклопуваат во шемата“, што ја имаат направено британските имиграциони власти.
Аферата „Виндраш“
Проевропски определената британска Либерал-демократска партија, меѓутоа, реагираше со барање до Хоум Офисот да ја напушти ваквата шема и да им дозволи (овозможи) на сите Европејци кои сакаат да живеат и да работрат во Британија, да можат да останат трајно во земјата.
Либерал-демократите сметаат дека направената шема може да предизвика нова „Виндраш афера“ налик на онаа од педесетите години на 20 век.
Станува збор за аферата со односот на тогашните британски власти кон британските државјани од земјите на Комонвелтот, на кои не им било дозволено да стекнат право да останат во Британија.
На тој начин, не мал број од овие луѓе останале без работа и без можност за користење на разни социјални бенифиции, што предизвикало некои од нив и да бидат присилно депортирани, назад во земјите од нивното потекло, без никаква правна основа.
Сега се открива дека таквата постапка била целосно нелегална, па некои слушаи и до денешен ден се провлекуваат по британскте судови од наследниците и потомците на таа генерација први, повоени доселеници, но Министерството за внатрешни работи, со кое инаку раководи министерка која има имигрантски корени, ги отфрла критиките на либерал-демократите.
Статус „пред населување“
Во Хоум Офисот сметаат дека автоматизмот кој се сугерира (наместо направената шема) би можел да предизвика само конфузуија , а таа да доведе до тоа, европските државјани со години на ред да ги докажуваат своите права.
Се смета дека во земјата има 3,5 милиони Европејци.
Околу 1,5 милион од нив се помалку од пет години во Британија и тие сега немаат право да аплицираат за трајно жителство, туку само за статусот – пред населување – што би можел да се измени кога ќе се надмине минималната граница од пет години престој во Обединетото кралство.
И едниот и другиот статус, значат право на работа во Британија, право на студирање, на здравствена заштита и на користење на мерките на социјална заштита.
Статусот британски државјанин, пак, доаѓа после тоа, секако, доколку оној кој има дозвола за траен престој и жителство во Британија, сака да стане натурализиран Британец и да аплицира за британски пасош.
Европските државјани во Велика Британија имаат рок до 30 јуни 2021 година, да побараат да останат за трајно да живеат и работат во оваа земја, сега кога таа повеќе не е членка на ЕУ.
(Д.Л.)