Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

ЕУ дневно со 10-15 илјади новозаразени

lolik4ever/BigStock.com

ЕУ дневно со 10-15 илјади новозаразени

Европската агенција за заразни болести, ги повика земјите од Европа одново да вратат некои од мерките за заштита од коронавирусот, откако податоците добиени во текот на јули покажуваат дека Ковид не само што и натаму е присутен на континентот, туку дека во цела низа земји, бројот на новозаразените секојдневно се зголемува.

Оваа агенција чие седиште е во Стокхолм, силно заговара итна реакција за да се спречи новиот бран на вирусот. Само во земјите на ЕУ, дневно, бројот на новите случаи на заразени лица изнесува меѓу десет и 15 илјади.

Тоа е помалку од просекот на Унијата од почетокот на април, кога дневно заболуваа и по 30 илјади лица, но според експертите на агенцијата, загрижува што во летните месеци тенденцијата за зголемена заразеност со нови пациенти, постојано се одржува.

Олабавено социјално дистанцирање

Како причина за ваквата ситуација, се смета одлуката – донесена генерално и насекаде – да се олабават мерките за заштита и за блокирање на ширењето на вирусот.

Според анализата направена од експертите, раст на новозаразени лица има во низа земји, но најмногу, сепак, таму каде се олеснати и каде не се почитуваат мерката за социјално дистанцирање.

Состојбата е таква без разлика што се повеќе држави наложуваат задолжително носење маски за лицето кои, на тој начин, дефинитивно се рехабилтирани, по првичното (погрешно) омаловажување што го направи Светската здравствена организација (СЗО).

Оваа европска агенција оценува дека е загрижувако дека само во две недели, пред 2 август, имало 100 илјади новозаразени. Главнината од нив се лоцирани во само пет држави – Шпанија, Романија, Франција, Велика Британија и Германија.

Европа/ЕУ досега има регистрирано 3.050.000 заразени лица и околу 206. 500 починати пациенти.

Корона е незапирлива

Во исто време СЗО испрати порака со предупредување до сите земји во светот дека Ковид-19 се покажа дека е мошне тешко да се запре, или да се стави под контрола, па дека затоа и сега во текот на летните месеци, борбата со овој вирус останува.

Извршниот директор на програмата за вонредни ситуации на СЗО, др. Мајк Рајан изјави во понеделникот дека пред сите останува најважната работа- да се открие каде е пробиена бариерата меѓу луѓето и животните, која и доведе до експлозија на короната.

За овој вирус веќе се знае дека многу лесно и брзо се шири, дека се пренесува на најразлични начини кои изгледа не се сите детектирани, како и дека постојат асимптоматски и пресимптоматски начини на пренесување.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе