Мишел Обама страда од (лесна) депресија
Поранешната Прва дама на САД, Мишел Обама (51) признава дека страда од, како што има речено, лесна депресија.
Вели дека причина за тоа се изолацијата воведена поради пандемијата со коронавирусот, како и расната борба во САД и хипокризијата на администрацијата на Доналд Трамп, за која вели дека ја деморализира.
„Се будам ноќе, затоа што имам тегоби и грижи. Се обидувам да се занимавам со спорт, но во одредени периоди од карантинот, едноставно, немав волја за ништо“ – вели сопругата на поранешниот претседател Барак Обама, на својот поткаст.
Мишел Обама признава дека се соочува со емоционални издигнувања и со падови за кои вели дека (најверојатно) ги чувствуваат сите луѓе, но за себе пишува дека постојат определени моменти кога навистина не може самата да се препознае.
„Ова во секој случај, не е времето кога духовно се прошируваме. Знам дека минувам низ еден облик на лесна депресија” пишува Мишел Обама.
САД изминатите месеци е поприште на расна борба и на анти-расни протести, поради насилната смрт на Џорџ Флојд, кој почина при апсењето во градот Минеаполис, од бруталноста на полицајци-белци.
Барак Обама беше првиот претседател на САД, афро-американец, во два едно по друго мандати, од 2008 до 2016 година. Тој и неговата сопруга Мишел, Белата куќа ја напуштија во јануари 2017 година. Останаа да живеат во Вашингтон.