Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мери Трамп против својот чичко

Simon & Schuster

Мери Трамп против својот чичко

Мери Трамп, внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, објави книга за својот чичко која уште пред да се појави пред читателите предизвикуваше голем интерес, но која сега, откако се најде во книжарниците, бележи рекорди. Според соопштението на издавачката куќа „Сајмон/Шустер“, во само еден ден, книгата на внуката на Трамп е продадена во еден милион примероци, што е рекорд на овој издавач.

Книгата има наслов „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек во светот“. Во оваа книга, за прв пат досега, еден човек од најтесниот круг од семејството, го отсликува Трамп без пардон и без никакво разубавување.

Авторката е ќерка на Фред Трамп, најстариот брат на американскиот претседател. Таа по професија е доктор по психологија и во својата книга мошне остро го опишува својот чичко, претседател на САД, за гордост и за грубост и како што вели, за незнаење и за непознавање на работите. Според Мери Трамп, чичкото Доналд ги „задоволува сите критериуми за да биде означен како нарцисоиден тип“.

Авторката на книгата, на страниците  открива и други детали од животот на Доналд Трамп и неговиот однос кон семејството и кон најблиските роднини.

Белата Куќа, која претходно војуваше со „Сајмон/Шустер“ во настојувањето да го спречи појавувањето на книгата – мемоари на поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон и не успеа во тоа, сега се трудеше да го блокира излегувањето и на книгата на Мери Трамп.

Откако и во овој случај не се успеа во намерата, книгата  се означува како „писание“ полно со „фалсификати“ и неточни работи. Помладиот брат на претседателот, Роберт Трамп кој е исто така чичко на авторката, дури поднесе и тужба во суд за да не се дозволи излегувањето на оваа книга на неговата внука од брат, обвинувајќи ја дека станува збор за „одмазда“ поради некои семејни работи.

Самиот Доналд Трамп, на Твитер остро ја нападна својата внука, прогласувајќи ја за „откачена и неуредна жена“, како и дека таа ништо не знае за семејството Трамп, за односот на претседателот со родителите, а уште помалку за него самиот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе