Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Хабаровск против Путин

vladmogila

Хабаровск против Путин

Веќе една недела, на Далечниот исток од Русија, во провинцијата Хабаровск, траат протести против претседателот Владимир Путин. И за разлика од протестите во европските делови од земјата, или во Москва, на пример, властите во реонот на крајниот руски исток, до сега, немаат преземено мерки да ги спречат, или да ги забранат демонстрациите.

Протестите се случуваат на само две недели по референдумот со кој  на Путин му се овозможува да остане на власт до 2036 година. Тоа во секој случај значи зацврснување на неговата власт во земјата која и до сега е силна и авторитарна, но една недела претседателот и руската власт имаат проблеми во реон каде тоа досега ги немало и каде во Москва не се ниту очекувало да ги има.

Масовни протести

Дури над десет илјади луѓе се имаат собрано на улиците во градот Хабаровск, да протестираат затоа што властите го имаат уапсено  популарниот гувернер на тој крај, Сергеј Фургал (50). Известувачите од реонот велат дека никогаш до сега во градот немало волку масовни демонстрации. Демонстрантите барале ослободување на уапсениот гувернер, извикувајќи пароли против Путин, барајќи да си замине од функцијата и нарекувајќи го претседателот „крадец“!

Овој град е на самата граница со Кина, на реката Амур и наспроти островот Сахалин. Локалната економија се потпира главно на шумарството и на рибарството.

Политички, пак, целата област не важи за  локација поврзана за руската опозиција. Сепак, се верува дека токму политиката се наоѓа во заднината на актуеланата кризна ситуација на рускиот Далечен Исток.

Во 2018 година, на изборите за губернатори, се случило големо изненадување, откако кандидатот на путиновата партија „Единствена Русија“ доживел пораз, па на функцијата се нашол Фургал. Не само тоа – неговата националистичка либерал-демократска партија сега ги има под контрола и обласниот Парламент, а и градскиот совет во Хабаровск. Оваа партија, формално, се третира како опозиција, но важи за исклучително блиска со Кремљ и обично се однесува како што ќе и се наложи од Москва.

Одбрана на популарниот гувернер

Гувернерот станал мошне популарен кај гласачите со својата силно популистичка политика, додворувајќи им се на луѓето, на тој начин што постојано се сликал „сечејќи ленти“ и „ отворајќи разни објекти“.

Луѓето им објаснувале на новинарите дека станал уште повеќе популарен откако ги намалил цените на авионски карти, како и кога обезбедил децата во училиштата да имаат многу поквалитетна храна.

Сега, меѓутоа, е сменет од функцијата и уапсен. Обвинет е дека во 2015 година има убиено двајца локални бизнисмени. Тој ги отфрла сите обвинувања, а ваквата постапка на руските власти ги има изреволтирано локалните луѓе кои сега се закануваат дека нема да престанат да протестираат додека Фургал не биде ослободен.

Луѓето сметаат дека апсењето е само одмазда на Москва за понижувачкиот пораз на кандидатот на партијата на Путин, од пред две години, уште повеќе што од тогаш, дури во седум области на крајниот исток од Русија, власта е под контрола на опозициската партија овој популарен политичар.

Стравувањата на Кремљ

Одмаздата на Кремљ доаѓа по успехот на референдумот од почетокот на јули. Една третина од населението во областа и во градот Хабаровски, каде живеат 1,3 милиони жители, гласале за тоа да му се овозможи на Путин да остане на власт во следните 36 години.

Независни аналитичари сметаат дека во настојувањето на Кремљ да ја поврати политичката и сета друга контрола во регионот, не се очекувала ваква жестока реакција на населението уште повеќе што таа нема политичка заднина.

„Кога ни го одзедоа статусот на главен град во областа и го префрлија во Владивосток, не се побунивме, но сега по апсењето на Фургал нема да се повлечеме” – има изјавено еден од локалните демонстранти.

Сега Москва е пред силна дилема – како да се справи со револтот кој не се намалува, а да излезе непоразена.

Затоа и се верува дека и нема реакцијата на властите. Не само што нема полициска интеревенција, туку протестите се прикажуваат како „ демократско право“ . Тоа е крајно необично за една Русија во која кривично дела е и најбанално протестирање без дозвола на властите. Овие аналитичари проценуваат дека Путин и Кремљ стравуваат оти доколку се употреби вообичаената реакција,  работите во регионот би можеле да излезат од контрола.

(М.Р.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе