Само пет отсто Шпанци имуни на Ковид
Една обемна студија за коронавирусот, направена во Шпанија, открила дека само пет отсто од Шпанците имаат развиено антитела. Ваквото сознание само ги засилува се повеќе раширениот впечаток дека т.н. колективен имунитет за Ковид-19 е недостижен.
Според научното медицинско списание Лансет, дури 95 отсто од шпанската популација и понатаму е подложна на овој вирус, а тоа значи дека лесно може да биде заразена со корона.
Колективниот имунитет, или како уште се нарекува „имунитет на стадото“, се постигнува кога има доволно заразена популација со овој вирус. Или, пак, преку бактериите, како и со вакцинацијата против него, за да може да се запре ширењето на вирусот.
Најголема студија
Француските експерти сметаат дека за создавање колективен имунитет може да се зборува кога најмалку 70 отсто од населението во една земја има развиено имунитет спрема коронавирусот. А, тоа го нема постигнато не само Шпанија, туку и Франција, а ниту една друга европска држава.
Европскиот центар за контрола на болестите соопшти дека истражувањето во Шпанија, во секој случај, е најголемата досега направена студија во Европа, меѓу десетината кои се направени за коронавирусот, затоа што се користени серолошки примери од 61 илјада учесници.
Вакви истражувања се направени и во Кина, а и во САД, но клучното е дека мнозинското население не било имуно на овој вирус. Дури и во области каде коронавирусот бил широко распространет.
Неетичен и неостварлив
Шефот на Центарот за настанување на вирусите во Женева, Изабела Екерел смета дека „секој до сега предложен модел за постигнување колективен имунитет, со природно инфицирање, не само што е исклучително неетичен, туку е и неостварлив“.
Едноставно, медицинските експерти и натаму не се сигурни во низа работи поврзани со короната. Прво, за тоа дали лицата кои имаат развиено антитела на овој вирус, се имуни, односно дека повеќе не ќе може да се заразат со корона. Второ, не е јасно колку долго, или колку добро антителата ги заштитуваат луѓето од вирусот.
Шпанија е една од најтешко погодените држави во Европа.
Коронавирусот и болеста Ковид-19 однесоа над 28 илјади жртви, а во земјата како заразени се регистрирани над 280 илјади лица.