Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Путин не исклучува уште еден мандат

shganti777/Bigstock.com

Путин не исклучува уште еден мандат

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не ја исклучува можноста  да се кандидира за уште еден претседателски мандат, доколку на претстојниот референдум, руските гласачи ги прифатат предложените уставни промени.

Во рамките на тие промени е и амандманот со кој му се овозможува на актуелниот претседател на Русија и натаму да остане на функцијата, по 2024 година, кога истекува сегашниот втор, едно по друго мандат.

Oва значи дека доколку уставните измени се прифатат, Путин би можел да се кандидира за претседател и на изборите што треба да се одржат за нешто повеќе од три години, бидејќи уставните промени го суспендираат сегашното ограничување- на претседателската функција да може да се остане само во два мандата- еден, по друг.

„Се уште не сум одлучил. Не знам, ќе видиме“- изјавил рускиот претседател во едно телевизиско интервју.

Тој сега има 67 години и цели две децении е на челото на Русија, прво како премиер на Борис Елциа. Потоа беше претседател во два мадати, па одново премиер- еден мандат- кога претседателската функција му ја чуваше Дмитри Медведев, како шеф на државата „ во сенката“ на премиерот, а по тоа уште еднаш, во два едно по друго мандати е  претседател. Сега тече вториот шестгодишен мандат од последните два изборни циклуси.

Доколку Путин се одлучи за натамошно владеење со Русија, на претседателската функција , во Кремљ, ќе остане се до 2036 година, кога би имал 83 години. Тој и до сега далеку ги има надминато Ленин, како и  Леонид Брежнев, како лидер на СССР, кој замина од функцијата, кога почина – после 18 години на власт. Останува уште диктаторт Сталин кој владееше со Советскиот Сојуз од 1922 година , кога е избран за генерален секретар на КП на СССР, до својата смрт во март 1953 година.

Руската опозиција смета дека целата таа „ претстава“ со уставните промени е направена за да му се овозможи на Путин да биде , без малку, доживотен претседател на Русија.Сите аналитичари, руски и странски, се уверени дека на референдумот ќе бидат подржани сите промени на Уставот.

Сајбер напад од странство врз Австралија

Австралиската влада соопшти дека врз целата земја- врз државните институции, бизнисот и компаниите, како и врз услужниот и целиот друг сектор е извршен „ мошне сериозен“ сајбер напад за кој е речено дека потекнува од „ една држава“. Премиерот Скот Морисон потврди дека е извршен еден таков „ сеопшт напад“ но одбил да открие која држава го има извршено нападот.

Безбедносни и ИТ експерти изјавиле за австралиските медиуми дека само три земји би можеле да стојат зад еден ваков напад- Кина, Русија и Северна Кореја , но домашните медиуми сметаа дека виновникот е власта во Пекинг. Кина веќе има покренати вистинска војна со Австралија и посебно со владата на Морисон, откако тој силно се заложи за покренување независна, експертска истрага за избувнувањето на глобалната пандемија и за одговорноста на кинеските власти, за она што му се случи на светот.

Официјален Пекинг веќе покрена трговска војна со Австралија, наметнувајќи високи, екстра тарифи за главните австралиски извозни производи на кинескиот пазар,  а потоа се закани и со целосен бојкот на производите во Австралија. Подоцна , државните медиуми во Кина им порачуваа на тамошните студенти кои во голем број студираат на угледните австралиски универзитети , да бидат внимателни и „ да не брзаат со одлуката да студираат во Австралија“.

Сајбер нападот од , како што се вели,  широки размери, затоа, не се смета како нешто што не се очекувало да го направи Кина.

Кинеските власти, меѓутоа, ги демантираат ваквите обвинувања , нарекувајќи ги „ малициозни„ и бранејќи се дека токму Кина е „ најголемата и најчеста жртва“ на ваквите сајбер напади. Односно, дека кинеската страна ( наводно) и самата се бори против тоа и дека е солидарна со земјите кои се нападнати!

Австралија не се соочува за прв пат со кинески сајбер напад. Според Агенцијата за контрасајбер разузнавање, во 2019 година,  кинеското минстерство за државна безбедност, има извршено сајбер напад врз австралискиот Парламент, и сите политички партии, пред ланските парламентарни избори.

Европскиот Парламент против ширење дезинформации

Европскиот Парламент формира посебно тело кое има задача да го надгледува ширењето на дезинформациите во земјите на ЕУ. Ова тело се занимава со анализа на новински текстови, соработува со мрежата на платформи и со социјалните мрежи, за да го спречува бранот од лажни вести кои се пласираат во јавноста.

Од пред извесно време постојано се зборува за руско мешање во изборните процеси во странски земји ( и на Западен Балкан, во државите кои не сакаат да бидат под контрола на Москва) . Но сега во оваа активност е вклучена и Кина.

Во Брисел се верува дека мотивите им се различни. Додека Русија дејствува против единството во ЕУ и ја загрозува внатрешната стабилност на Унијата, со поткопување од внатре, Кина низ лажни вести и дезинформации сака и да се промовира себе си, повеќе отколку што тоа го заслужува. Пекинг за оваа потеба силно го користи коронавирусот, за да се прикаже дека има силно развиен здравствен систем, дека нема никаква вина за пандемијата од Вухан и уште за да ја  прикаже Кина како хумана, пријателска земја.

Но, според Европскиот Парламент, борбата со дезинформациите не смее да се претвори во орудие за ограничување на слободите. За некои земји на Западен Балкан (Србија),  во Брисел велат дека лажно и погрешно ја имаат известувано домашната јавност околу помошта на ЕУ за пандемијата, целосно негирајќи ја за сметка на она што било примено од Русија и од Кина, иако и по значење и по пари било помало од европското.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе