Борисов казнет за неносење маска
Бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе мора да плати казна од 175 долари ( во против вредност во левови) затоа што при посетата на една црква, бил без маска на лицето, што е задолжителна заштитна мерка во борбата со коронавирусот.
Таква одлука има донесено неговата влада, што ја има обелоденето министерот за здравство Кирил Ананиев. Тој претходно објави дека сите граѓани мора да носат маски кога се наоѓаат во затворени простории. Мерката беше итно воведена, откако изминатата недела во Бугарија беа регистрирани рекорден број новозаразени лица.
Влијание на ЕУ
Премиерот Борисов бил во посета на Рилски манастир , а со него била и бројна придружба, во која доминирале новинари и камермани. Сите влегле во цркавата без да имаат на себе маски за лицето, па според наредбата на Минисерството за здравство- сите, покрај премиерот и целата негова придружба, како и претставниците на медиумите ќе бидат казнети.
Единствено не се знае дали ќе биде казнет и свештеникот кој го придружувал премиерот во текот на посетата, а кој не носел маска.
Овој манастир е еден од најголемите бугарски туристички атракции. Се наоѓа на 100 км од Софија, во југозападниот дел на земјата.
Борисов е вториот премиер во ЕУ, после романскиот, кој се казнува во сопствената држава за непридржување кон сопствените мерки за борба со пандемијата. Овие два примери покажуваат дека членството во ЕУ, сепак, менува некои работи и состојби во регионот на Балканот, кога станува збор за она што се нарекува правна држава.
Далеку од Европа
Тоа покажува и колку македонската опозиција е далеку од Европа и од европските стандарди – за законитоста- односно да се почитува една мерка, па нека тоа биде и обврската за носење маска, или за забраната за собирање за јавни места. Привремениот шеф на полицијата ( како технички министер во МВР) не само што не ја заштитува законитоста, туку повеќепати покажа дека потикнува непочитување.
Исто како и неговиот партиски газда кој објави дека нема да почитува во предиизборната кампања да нема митинзи- поради вирусот кој се уште „шета“ низ државата- затоа што неговата партија „ била со народот“ (!?).
Сето тоа делува смешно неодговорно кога се знае за неговото досегашно инаетење да нема избори, поради јавни собирања- зашто бил „ загрижен за здравјето на народот„.