Грција ги отвори и борделите
Владата на Република Грција, во својата офанзива за покренување на туризмот во земјата и општо релаксирање на ограничувањата воведени за заштита од пандемијата со коронавирусот, одлучи да дозволи отворање и на борделите – во местата каде тие и официјално работат.
За користењето на услугите на „ дамите“, меѓутоа, во дозволата за повторното отворање на борделите стои и обврската- да се почитуваат правилата за заштита од вирусот. А, тоа пред се значи ограниченото време за „услугите“, односно за „онаа работа“ во бордел стриктно е наведено дека се дозволени само 15 минути.
Освен тоа, новите мерки налагаат „давателот на услугат“ и корисникот да носат маски на лицето. Од здравствении причини, во текот на „ давањето на услугара“ мора да биде отворен прозорецот од собата- за да влегувал свеж воздух. И, конечно, плаќањето може да се изврши само со банкарска картичка, не со кеш пари.
Најтешката обврска е на крајот- гостинот на борделот мора да остави свои лични податоци и бројот на мобилниот телефон, за секој случај. Да се знае кој е и каде живее ( и работи) доколку во борделот , случајно, се појави вирусот. За да се спречи неговото ширење, сопственикот е должен да ги чува тие податоци, барем еден месец.
Кој под овие услови ќе се реши ова лето да се „релаксира“ користејќи услуги во некој грчки бордел- е големо прашање. Грчките власти веруваат дека сигурно има такви корисници.
Проститутките во Грција, како и низ Европа и светот, од пред извесно време, се жалат дека на нив никој не мислел кога станува збор за мерките за санација на вкупниот бизнис по пандемијата, како за помагање на вработените во разните „слободни професии“. Тие се согласуваат дека глобалната пандемија и карантинот воведен низ Европа, целосно ја има „замрзнато“ нивната работа, а тие се оставени без пари за живот.
Некои од нив веќе имаат признаено дека во екот на карантинот , морале да работат илегално и „ на црно“- за да преживеат.
По Грција и Холандија најавува отворање на тамошните бордели, но од 1 септември.