Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Полска „инвазија“ врз Чешка

MoiraM/BigStock.com

Полска „инвазија“ врз Чешка

Владата во Варшава призна дека во „еден кус период“, Полска (практично) извршила инвазија врз Чешка, навлегувајќи со свои вооружени војници на територијата на соседната држава. Инцидентот се случил минатиот месец, но полската влада сега настојува да се оправда, објаснувајќи го случувањето како „грешка“ и како „недоразбирање“.

Како „виновник“ за инвазијата се посочува – коронавирусот и борбата со пандемијата, а инцидентот настанал кога полската влада нараеди затворање на полските граници кон соседите, вклучувајќи ги и земјите од ЕУ, за да се спречи секакво „навлегување“ на вирусот на полска територија. За таа цел, владата нареди распоредување на војниците од полската армија по граничната линија, вклучувајќи ја и границата со Чешка.

„Окупација“ на Моравија

Војниците, сите наоружани со лесно оружје, се распоределиле и во реонот на една мала црква, која е близу до некогашната полско-чешка граница, но е на територијата во Чешката Република.

Војниците од соседната држава не само што навлегле на туѓа територија и се распоредиле, туку таму останале, колку што се верува десетина денови, иако изгледа никој и не знае колку траела „окупацијата“ на тој дел од Чешка.

Сведоци раскажуваат дека полските војници не дозволувале никој да се приближи до локацијата на која се наѓале, но сепак, на властите во Прага им требало време за да разберат што се случува нанивната северна граница.

Инцидентот со Полјаците, всушност, се случил во реонот на северо-источна Моравија, во историската област Шлезија, која во поголемиот дел е во Полска, но која делумно се наоѓа и на територијата на денешна Чешка.

Случајно откриен инцидент

Додека властите во Варшава настојуваат случајот побргу да се затвори, во Прага, сега, инсистираат на официјално објаснување од полската влада. Особено што Чесите се чувствуваат и по малку понижени, бидејќи за инцидентот се разбрало од пишувањето на еден локален весник и од раскажувањето на еден тамошен градежен инжинер.

Човекот бил задолжен за адаптацијата на малата погранична црквичка, па кога отишол до објектот, за да изврши снимање на состојбата со фасадата, бил изненаден налетал на војници од странска земја кои го запреле и не му дозволиле ниту да снима, а ниту да дојде до малата црква.

„Група војници вооружени со машинскии пушки и со ознаки на Република Полска грубо ме истуркаа назад“ – рекол инжинерот, објаснувајќи дека патот до цркавата бил затворен од војниците, иако се наоѓа на чешка територија.

Цркавата колку што се знае е на повеќе од 30 метри во територијата на Чешка, а блокада била поставен уште петнаесетина метри поддолу по патот, што значи дека и зоната на „окупацијата“ била поголема – или дека Полјаците подлабоко навлегле во соседната држава.

Прага не знае што се случило

Полските војници, првично, биле сместени по течението на еден поток, на самата гранична линија. Сега се настојува да се утврди кој и зошто им наредил да навлезат на чешка територија, за да ја бранат Полска од напливот на коронавирусот од територијата на соедната, странска држава.

Градежниот инжинер го пријавил случајот во локалниот весник на 28 мај, кога бил да ја посети црквата, но тој смета дека војската на Полска била таму подолго време, пред тоа, заклучувајќи го тоа според распоредот и однесувањето на војниците.

Се верува дека тие биле на туѓа територија можеби уште од почетокот на блокирањето на полската граница, со мерките за борба со пандемијата.

Неколку денови по инжинерот, во тој реон се нашла и една група чешки еколози – пријатели на природата – но и тие биле вратени од Полјаците, иако биле дваесетина метри на територијата на Чешка. Во Прага изгледа не се знае ниту кога навлегле полските војници, а ниту кога се повлекле од зоната што привремено ја „окупирале“ – како пто тие сега велат – ненамерно и по грешка.

И покрај ваквите мерки за безбедност, Полска има 30 илјади заразени лица, 1300 починати и во последните 24 часови, меѓу неделата и понеделникот, без малку 400 новозаразени.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе