Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Пензионер-пилот илегално слетал во Прага

Khakimullin/BigStock.com

Пензионер-пилот илегално слетал во Прага

Еден 79 годишен Германски пензионер, пилотирајќи со мал, спортски авион, илегално и без дозвола на воздухопловните власти на Чешка, слетал на аеродромот во Прага.

Во едно друго време, од пред триесетина години, тоа ќе беше тежок инцидент за кој ќе се бараа идеолошко-шпионски причини. Но во сегашните услови на една поинаква и обединета Европа, истрагата се сведува само на прашањето што се случило со овој длабоко возрасен пилот.

Според чешките власти, Германецот одбил да комуницира со контролата на летањето, па иако немал согласност, слетал на меѓународниот аеродром „Вацлав Хавел“.

Авионот атерирал на пистата која, инаку, била затворена поради градежни работи, па затоа медиумите во Прага пишуваат дека е среќа што во тој момент на неа немало градежни работници, а тој со авионот не удрил во некоја од бројните машини.

Никој во овој инцидент не е повреден.

Засега се знае дека малиот авион полетал од Штудгард и изгледало дека пилотот- пензионер само тргнал на мала прошетка. Но, тој не се вратил, туку се упатил кон градот Улм, направил неколку кругови, а потоа, директно се насочил кон Прага.

Пилотот не ги послушал барањата да се врати назад, како и да не слетува на прашката писта, но не реагирал ниту на бројните црвени светла со кои бил предупредуван на опасноста што демнела на земјата.

По безбедното слетување, интервенирала полицијата која го однела на сослушување. На полицајците им рекол дека авионот имал дефект.

Ова е прв пат во Чешка, странски авион, илегално и без добиена дозвола, да слета на еден голем, меѓународен аеродром.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе