Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија Вести - Скопје Глобал

Вести

Годинава без тенис?

jmbf/BigStock.com

Годинава без тенис?

Италијанците ги прогласија тенисот (и ватерполото) за најмалку опасни, кога станува збор за пандемијата со коронавирисот.

Ваквата проценка доаѓа сега кога под притисок на големиот бизнис, парите кои се вртат, на спортистите и љубителите на спортот, епидемиолозите и политичарите се изложени на силен притисок за олабавување на мерките од карантинот.

Некои ограничувања и во Италија и низ Европа, постепено ќе се укинуваат, но „нормалата“ за која се зборува, изгледа дека нема да биде онаа старата. Посебно тешко таа ќе се враќа во спортот, каде ни самите спортисти не се начисто околу тоа – дали сакаат и можат да се вратат на борилиштата, како ништо да не било.

Задолжителна вакцинација?

Тоа се однесува и за тенисот. Освен голем број турнири, се откажаа и два од четирите „големи слем турнири“ – Ролан Гарос во Париз и Вимблдон , во Лондон – додека последниот- оној во Њујорк, е под голем знак прашање- поради раширената пандемија во овој американски град.

Станува збор дали да се игра тенис , по секоја цена, па нека тоа биде и со празни трибини. Без публика ефектот од натпреварувањето е драстично намалено, но се губат и многу пари – од влезниците и од спонзорите. Отворање на вратите за навивачите, пак, значи голем ризик – да се врати заразата, сега кога таа полека „го губи здивот“, иако е далеку од тоа дека се има предадено.

И сето тоа се случува во времето кога научниците забрзано трагаат по вакцина против коронавирусот.

Луѓето во низа спортови се на мислење дека додека таа не се открие , не треба да има спорт, барем не до есен, а и тогаш со голема резерва и претпазливост. Светските тениски асоцијации размислуваат да се наложи сите тенисери и тенисерки да мора да бидат вакцинирани, доколку сакаат да патуваат низ светот, на разните турнири.

„Нема вакцина – нема тенис“

Таа опција, иако се уште не станува збор за одлука, ја бранат повеќето играчи, а јавно се изјаснија Американецот Енди Родик, Французинката Амели Морезмо, Шпанецот Рафаел Надал , како и ветеранот, Германецот Борис Бекер.

Родик прв му се спротивстави на Новак Ѓоковиќ кој (изгледа) е во друштвото на движењето на антиваксерите , па дури го става под прашање и своето натамошно играње тенис, доколку се наложи дилемата- вакцина, или нема настап на турнирите. Морезмо е категорично за тоа дека сите играчи да мора да бидат вакцинирани, доколку сакаат да настапуваат.

Според неа – ако нема вакцина, тогаш нема да има ниту тенис!

Морезмо освен тоа, е уверена дека оваа година ќе помине без тенис и без тениските турнири. Таа смета дека тие не треба ниту да се организираат по секоја цена. Така мисли и рекетот број два, Рафаел Надал.

Рафа мисли дека годинешнава сезона е „мртва“ и дека до крајот на годината е тешко изводливо да се создадат услови да се игра. Тој дури стравува и за тоа дали ќе може да се одржи и Австралија Опен, во јануари 2021 година.

Некогашната тениска ѕвезда Бекер исто така вели дека не може да се игра тенис во услови на пандемија. Германецот е категоричен дека не треба да се одржи и последниот Гранд слем турнир, затоа што Њујорк е американскиот Вухан и таму нема да се средат работите до почетокот на турнирот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе