Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Пинк и синот прележале Ковид-19

World Image/Bigstock.com

Пинк и синот прележале Ковид-19

Познатата американска пејачка Пинк и нејзиниот три годишен син биле заразени со корона вирусот, но после извесно време поминато во карантин и со соодветна терапија, тие се излекувале.

За целиот нејзин случај Пинк пишува на својата страница на Инстаграм, опишувајќи дека првата и најважна помош и ја пружил матичниот лекар. Кога се пожалила дека не и добро, тој обезбедил брзо да бидат тестирани таа и нејзиното дете, а кога тестовите биле направени, се покажало дека и обајцата се заразени.

Целото нејзино семејство веќе било во самоизолација, па по совет на лекарот и таа била ставена во карантин, дома, со лекови кои помогнале таа и детето да се опорават, Повторениот тест покажал дека заразата била совладана.

Пинк ја искористила ситуацијата за да зборува за својот случај, критикувајќи ги американските власти кои се однесуваат неодговорно кон спроведувањето тестови на населението, инсистирајќи дека токму брзо направениот тест помогнал за брза и навремена интервенција, спречувајќи болеста да се развива.

Таа повикува сите во САД и во светот, насекаде, да ги третираат здравствените работници, лекарите и медицинските сестри за вистински херои во нивната борба со коронавирусот во која спасуваат многу животи. Таа ги советува сите Американци- да останат дома и да ги почитуваат мерките за изолација.

Пинк има донирано вкупно еден милион долари во фондот за борбата со пандемијата, наменети за болницата во Филаделфија . Таа открива дека нејзината мајка 18 години работела како медицинска сестра, во Брза помош.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе