Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Сасекси му одговорија на Трамп

cheekylorns/Bigstock.com

Сасекси му одговорија на Трамп

-Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл немаат намера да бараат финансиска помош од американската влада за покривање на трошоците за нивната безбедност- соопштил портпарол на брачната двојка Сасекс.

Ваквата изјава, всушност, претставува нивни одговор на американскиот претседател Доналд Трамп кој претходно, на својата страница на Твитер, има напишано дека доколку Хари и Меган се одлучат да се преселат за да живеат во САД, американската влада нема да го плаќа издржувањето на нивната лична безбедност.

Хари (35) и Меган (38) во јануари годинава, неочекувано и без да ги известат кралицата Елизабета и татко му , престолонаследникот Чарлс, објавија дека се повлекуваат од сите, службени кралски задолжувања и дека ќе живеат- малку во Канада, а малку во Британија.

Сега излегува дека се менува нешто во тој план, барем кога станува збор за тоа каде ќе се населат- затоа што американските медиуми тврдат дека шестиот во редот на претендентите за британскиот престол, принцот Хари и сопругата, Американка, Меган Маркл би можеле да се населат во Калифорнија, во САД. Некои уште пишуваат дека „налутениот Хари“ би можел да побара и американско државјанство.

Во соопштението на портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс, не се зборува за овие прашања, но се објаснува дека веќе бил направен „ фиинансиски аранжман со една приватна безбедносна агенција, како и за приватно финансирање на нивната заштита“.

Меган е израсната во Лос Анџелес, а таму и сега живее  нејзината мајка Дорина.

Канада уште пред некоја недела соопшти дека после 31 март, од кога Хари и сопругата нема повеќе да бидат поврзани за британското кралско семејство, владата во Отава престанува да плаќа за нивната безбедност.

Претседателот Трамп, пак, порано јавно ја има нападнато Меган Маркл, се верува најмногу затоа што таа, уште пред се омажи за Хари и да стане дел од кралското семејство, јавно се има определено против изборот на Трамп за претседател, а подоцна во интервјуа во медиумите во САД,  ја има критикувано неговата политика.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе