Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Прва жртва од кралско потекло

PHOTOCREO Michal Bednarek/BigStock.com

Прва жртва од кралско потекло

Шпанска принцеза Марија Тереза де Бурбон, која е братучетка на кралот на Шпанија, Фелипе, починала во болница во Париз како последица на заразата со корона вирусот.

Според европските медиуми, таа е првата жртва од кралско потекло на глобалната пандемија. Имала 86 години и постојано живеела во Франција.

Во шпанското кралско семејство на Бурбоните, но и во париското високо општество таа важела за „црвената принцеза“ затоа што поголемиот дел од животот го има поминато како силен борец за правата на жените и за човековите права воопшто, за меѓуверска толеранција и бранејќи ги социјалистичките идеи.

Таа е ќерка на Хавиер де Бурбон, претендент на шпанскиот престол, во времето на обновата на монархијата во Шпанија, започната уште во времето на режимот на Франциско Франко.

Нејзината смрт доаѓа откако шпанскиот крал Фелипе беше тестиран негативен на вирусот, по посетата што ја има направено на една воена, полска болница, направена како привремено решение за сместување на пациенти и за „сомнителни“ случаи во екот на големата шпанска пресметка со корона вирусот. После САД и Италија, во Шпанија има најмногу заболени- над 78 илјади и нешто повеќе од 6500 починати.

На почетокот од неделата, британскиот престолонаследник, принцот Чарлс (71) соопшти дека е заразен со вирусот што се има раширено на сите континенти. Пред него и принцот од Монако, Алберт (62), потврди дека боледува од Ковид-19. Во соопштенијата и за обајцата се вели дека имаат „лесни симптоми“ на вирусот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе