Поврзете се со нас

Skopje Global

Едиторијал

Партија без компас

digitalista/BigStock.com

Партија без компас

Во ова време на глобална пандемија, кога една четвртина од светската популација е сместена изолирана и во карантин, за да се одбранат од потенцијалната зараза со смртоносниот коронавирус, сите разумни и одговорни луѓе зборуваат за човечката солидарност, за меѓусебна поддршка и за помагање врз хумана основа, иако цели држави се затвораат во сопствените меѓи, а разликите по сите основи- па и оние политичките и идеолошките – и натаму остануваат.

Со вакви пораки и апели веќе еден месец, се огласуваат и ООН и Светската здравствен организација (СЗО) и ЕУ, особено затоа што се уште не се гледа крајот на кризата и победата врз вирусот и Ковид-19.

Притаена десница

Па, така, се измирија (за момент) американските демократи и републиканци – во интерес на државата и луѓето во неа. Застанаа борбите на блискоисточните фронтови. Се притаија европските ултра-десничари и популисти и нивната „црна алијанса“. Едноставно, брзо сфатија дека ниту имаат што паметно да кажат и да понудат.

Но, увидоа и дека во ваква криза, од која никој не е поштеден, а луѓето за да не се заразат и за да останат здрави и живи, живеат под клуч, било што да кажеш, а кажаното да е чиста бесмислица и изветвена пропаганда, може да биде погубна за нивните партиски амбиции.

Продавањето празен памет не е тоа што сега е потребно.

А, продавањето празен памет не е тоа што сега е потребно, зашто и едни САД, со својата финансиска моќ и со високо развиен здравствен систем, изгледаат затечени околу реагирањето на „кинескиот вирус“.

Силно развиените европски држави, како Франција, Шпанија, Италија или Германија и Британија, никако не успеваат да се справат по силниот налет на заразата, оставајќи впечатокот дека нивните здравствени систем, изгледа, не се во таква кондиција како што мислиме ние, овде на Балканот.

Домашната „црна алијанса“

Па, дури и еден Владимир Путин го одложи референдумот кој треба да му го отвори патот за да остане на власт уште 16 години.

Па, дури и еден Владимир Путин го одложи референдумот кој треба да му го отвори патот за да остане на власт уште 16 години, за да може Русија (конечно) се фати во костец со вирусот, иако до пред неколку денови Москва тврдеше дека кај нив се е во ред и дека ситуацијата била под контрола.

Е, сето тоа што минува низ светот и низ Европа, не минува кај македонската, националистичка црна алијанса, што ја сочинува верното и лојално друштво на избеганиот екс премиер, осуден за криминал.

Тие и во сегашната пандемија која ја нема одминато ни нашата земја, покажуваат дека и сега немаат компас за тоа што и како да прават како партија, за да бидат вистински македонска (гледано и етнички и државнички) која стои зад луѓето во државата.

Како што се без компас од нивното создавање и без ориентација во сите кризни моменти на државата, во трите децении целосна независност.

Затоа и во ова време тие ја користат заразата за да продолжат со своите пропагандни тиради (и кога се опозиција и кога се на власт!).

Користејќи лажни информации, измислици, дезинформации и подметнувања, според странската школа која им помага, тие во основа се потпираат на својата „шпионско доушничка мрежа“ инсталирана во државата администрација.

Кодошење на државата

Тоа се луѓето кои беа примани на работа за да гласаат на сите избори што секој две години ги правеше избеганиот деспот, за да нема реформи, а кој владата на Зоран Заев (за прв пат) не ги набрка, затоа што одлучи да се откаже од правење партиски чистки. За да не заличат како на владата на бегалецот која набрка од админстрацијата 6500 луѓе, прогласувајќи ги за (партиски) неподобни.

Така, еднаш ќе се појави глупоста дека ОН (!?) оценила оти актуелната влада (и власт) не се снаоѓа во кризава.

Така, еднаш ќе се појави глупоста дека ОН (!?) оценила оти актуелната влада (и власт) не се снаоѓа во кризава – демек не ја бивало – што веднаш беше демантирано од ОН, која инаку не дава никакви оценки и за никого.

Потоа од „шпионите“ во МНР (тоа се оние кои си правеле планчиња каде ќе бидат пратени во странство кога нивните ќе победеле), се измисли приказна само за да се дисквалификува шефот на македонската дипломатија.

Човекот е на изборната листа, па им изгледаше дека не е лошо и во кризава, да се опали по човекот кој со премиерот и целата влада ја извлекоа државата од европското дно и од целосната изолација.

Девалвација на победата

Нормално, подметнувањето како божем случајно се појавува во време кога државата ги прави своите најголеми дипломатски успеси и победи во изминатите три децении, влегувањето во НАТО како полноправна членка и отворањето преговори со ЕУ за влез во Унијата, после 15 години чекање.

Тоа не е победа само на актуелната македонска дипломатија, на проевропската и прозападна реформска влада што ја водеше (до повлекувањето) Заев, туку е задоволување на стратешките цели на Република Северна Македонија за конечното остварување на евро-атланските амбиции на државата и на нејзините граѓани.

И, потоа, уште една партиско-пропагандна порака – партијата на власт (не целата влада!) не била способна да ја менаџира кризата, а тоа се плаќало со „многу пари и со човечки животи“.

Тоа го велат (меѓу другото) оние кои немаат ниту што да понудат, ниту што да кажат.

Тоа го велат (меѓу другото) оние кои немаат ниту што да понудат, ниту што да кажат, а како единственото што го имаат се нивните ВАЛКАНИ раце од 11 години од криминално-деспотската власт тие беа вклучени во залажувањето на домашната јавност и за купување на лојалноста на гласачите.

Против НАТО/ЕУ

Тие не мислат дека е среќна околност што во државата, како министер за здравство е лекар, а не правник, како што мислат „обичните“ луѓе. Што постои власт која не купува разни медицински машини, само за да некој режимски бизнисмен заработи, а машините за кои треба едукација, со години по тоа да стојат како „мебел“ за чување цвеќе или документи.

За таквите операции е потребна и конструктивна опозиција, а не клима на заробена држава и на деструктивна политика, на штета на граѓаните.

Тоа не значи дека се е како треба и не можело подобро, но за таквите операции е потребна и конструктивна опозиција, а не клима на заробена држава и на деструктивна политика, на штета на граѓаните, вклучувајќи ги и оние кои се купуваат и се продаваат – како на пазар.

Од такво друштво кое го предводи еден в.д, лидер чија задача е да му ја чува фотелјата на побегнатиот водач, не може да се очекува конструктивност и намера да и се помогне на власта, која уште дејствува во услови на глупоста наречена „пржинска влада 2“, за да се задоволат фрустрациите на бегалецот и на неговите, овде.

Наместо тоа, во зградата каде се сместени, што инаку треба да им се одземе, доколку не се разбере на кои финансиски и други основи е подигната и колку е правно одржливо таа да биде на оваа партија, се продолжува и во време на пресметка со пандемијата да се прави опструкција – едноставно да се лажат луѓето со продавање магла и кога е ведро.

Менаџирањето на бегалецот

Низ Европа, каде се води тешка битка со заразата, без малку како во средновековите, кога немало место каде да се погребуваат мртвите, никој паметен не бара одговорност со блесави соопштенија за еднократна употреба и се бара одговорност за Конте, Санчез, Макрон, Меркел или Џонсон.

Британецот уште ужива и силна медиумска поддршка од сите, додека ја бие битката за Британија (со вирусот) иако погреши на стартот, кога можеше поинаку да ја менаџира кризата и да не дојде до тоа Британија да нема легла во болниците.

Што се однесува, пак, до менаџирањето, друштвото на избеганиот осуденик е последното кое треба да зборува на таа тема. Тие за 11 години деспотска власт не направија ама баш ништо за да го уредат и средат здравството. Имаа на располагање 330 месеци, а не 30, уште во услови на заробеност и деструкција.

Со милијардата евра дадена за кич споменици и градби во Скопје, можеше целосно да се уреди македонското здравство и при тоа сите добро да се нафатираат – од провизијата. Можеа далеку подобро и погрижливо да го изменаџираат и големото невреме во Скопје, од пред неколку години, кога еден летен, пороен дожд однесе 25 жртви!

Одговорот на тоа друштво тогаш беше дека – „не може да се бори со божја работа“. Така режимот го оквалификува тогашното невреме.

(Спектатор)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Едиторијал

Горе