Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Принцот Чарлс е заразен со коронавирусот

lcv/BigStock.com

Принцот Чарлс е заразен со коронавирусот

Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс (71) е заразен со коронавирусот, откако направениот тест покажал дека идниот крал на Британија има Ковид-19.

Во соопштението на неговата резиденција, Кларенс Хауз се вели дека Чарлс има „лесни симптоми“ и дека „останува во добра здравствена кондиција“. Сопругата Камила (72), војвотката од Корнвол, исто така била тестирана за вирусот, но нејзините резултати се негативни.

Тие двајцата од пред извесно време се наоѓале во само-изолација во кралската резиденција Балморал, во Шкотска, па не е јасно како и каде Чарлс можел да се зарази. Во соопштението се вели дека тој последните денови бил постојано дома и работел.

Сега и обајцата се во карантин и во целосна изолација од надворешниот свет.

Веста за заразувањето на британскиот престолонаследник доаѓа откако некои лондонски весници објавија дека неговиот постар син, принцот Вилијам ќе ги извршува сите обврски во  домашната јавност во името на кралицата Елизабета и неговиот татко, принцот Чарлс, додека трае глобалната пандемија со овој смртоносен вирус.

Од минатата недела, кралицата е во доброволна изолација во кралскиот замок Виндзор, кој е надвор од Лондон но е блиску до главниот британски град.

Во Велика Британија до сега се регистрирани над осум илјади случаи на заразени со коронавирус. Иако тој ја „ нападна“ Британија подоцна,  владата на премиерот Борис Џонсон реагираше многу доцна со заштитните мерки, па бројот на починатите забрзано се зголемува и сега изнесува 422 пациенти.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе