Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Коронавирусот го „угаси“ печатениот „Плејбој“

Boris15/Bigstock.com

Коронавирусот го „угаси“ печатениот „Плејбој“

Култното американско списание „Плејбој“, после без малку 70 години, се откажа од своето печатено издание во САД- поради  кризата со коронавирусот, објави редакцијата. Во соопштението се вели дека редакцијата веќе подолго време размислувала за едно вакво решение, но дека сегашната криза со вирусот само ја забрзала одлуката.

„Плејбој“ од порано имаше финансиски проблеми, но се признава дека пандемијата му го има зададено завршниот удар, барем кога станува збор за САД и за тамошното појавување на весникот. Пролетното издание што е во подготовка ќе биде последното што ќе се појави како печатен весник.

Иако најмногу познато по своите еротски фотографии, списанието во САД беше вреднувано од читателите и по своите бројни интервјуа со познати личности од американскиот јавен живот, од светот на музиката, забавата и филмот, но и по политичките теми кои беа обработувани на неговите страници.

„Златното време“ на „Плејбој“ беа седумдесетите години на 20 век кога весникот имаше неколку милионски тираж, продавано низ САД и низ светот. Но од тогаш, неговата продажба полека почна да се намалува и тоа се врзува со општата криза на печатените медиуми, по силниот наплив на интернетот. И овој весник, на американскиот континент ќе продолжи како интернет издание, веќе уште со последното печатено издание.

Како весник „Плејбој“ ќе продолжи да се појавува во други земји, надвор од САД, на локалниот јазик на секоја земја каде излегува.

За весникот се мислеше дека веќе е „ мртов“ откако во 2017 година почина неговиот основач и со децении главен уредник , Хју Хефнер. Тој почина на 91 година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе