Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Вухан во Италија – цела земја во карантин

© Bits and Splits

Вухан во Италија – цела земја во карантин

Италијанската влада одлучи да ги прошири мерките за карантин, на целата територија на Италија, откако бројот на заразените лица и на смртните случаи продолжуваат да се зголемува.

На луѓето ќе им биде дозволено да патуваат само до своите работни места, или за некои вонредни семејни ситуации, но се забранети сите поголеми собирања, спортски натпревари, меѓу кои и италијанската фудбалска, како и ноќниот живот. Оваа радикална мерка, стапува во сила од вторник, 10 март и нејзината цел е да се заштити здравјето на луѓето.

Продолжува да расте смртноста

Досега во карантин беа ставени само северните региони – Ломбардија и Венето,  од каде тргна заразата, кои во италијанската и во европската јавност се означуваат како европски и италијански Вухан, градот во Кина кој е означен како епицентар на вирусот.

Од северот на Италија,  тргна неговото ширење низ земјата, но и во поголемиот дел од европските држави. Преку Италија, коронавирусот се рашири прво низ околните држави, во Франција, Австрија и Шпанија, како и во регионот на Балканот и низ Западна Европа. Дури и некои од заразените пациенти во Бразил и во Еквадор, во Јужна Америка ,  смртоносниот вирус го „ закачиле“ во текот на нивниот престој  во Италија.

Сега сите 20 региони во земјата се ставени во карантин и ваквата одлука владата во Рим ја има донесено, откако во понеделникот (9 март) беше соопштено дека се регистрирани 9175 заразени лица, околу 1500 повеќе во однос на неделата, а дека бројот на починатите се искачил на 463 шациенти.

Конте: Останете дома

Италијанскиот премиер Џузепе Конте порача дека најдобро е луѓето да останат дома, во своите домови, посочувајќи го тоа како заштитна мерка во ситуацијата кога има и многу заболеми и многу починати. Но Конте побарал од Италијанците да бидат дисциплинирани, да соработуаат за доследна примена на сите мерки.

„Тие се мошне остри , но треба да се заштитат луѓето и нивното здравје“ – рекол Конте.

Во своето обраќање преку  телевизија, тој изјавил дека во овие моменти се присетил на еден од говорите на Винстон Черчил, на почетокот на Втората светска војна кога на Британците им има порачано дека станува збор за мрачни времиња , но дека земјата ќе опстои, порачувајќи им ја таа порака и на луѓето во Италија – дека земјата на крајот ќе успее да се справи со тешката ситуација.

Италија забрани влез на бродови-крузери во сите нејзини пристаништа, а максимално ги ограничува патувањата со воз и авион, од и за земјата.

Заболен и француски министер

Во светот ситуацијата со вирусот продолжува да се третира како главна здравствена, но веќе и како економско- политичка тема, особено после најголемиот пад на берзите во САД, по 2008 година. Вирусот, како во Македонија, така и во некои други земји, меѓутоа,  се корити и за политички потреби, за да се заработи некој беден политички поен, против властите. Тоа особено е видливо во македонскиот случај, каде опозицијата немајќи што да понуди , се пресметува со властите, барајќи оставки.

Во Италија, на пример, како и во Франција, се повикува на солидарност, на трпение и како што се сугерира и во Македонија-  луѓето да не патуваат и овој период да не го користат за туризам и за шопинг-тури.

Вкупно 112 илјади заразени има низ светот. Бројот на починатите, до пишувањето на текстот, изнесува 3890 лица. Најмногу во Кина, а потоа во Италија и во Иран.

Во Франција меѓу заразените е и министерот за култура. Тој во текот на минатата недела бил постојано во Парламентот, кога се разбрало дека дел од пратениците биле позитивни на коронавирусот. Израел, пак, наложи сите Израелци кои се во странство, кога ќе се вратат дома, веднаш да се стават во само-изолација, во следните 14 денови.

(С.Г.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе