Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Шарапова му рече збогум на тенисот

Leonard Zhukovsky/BigStock.com

Шарапова му рече збогум на тенисот

Марија Шарапова (32) некогаш првата тенисерка во светот, објави дека се повлекува од тениските терени и ја завршува својата кариера. Претходно, Шарапова имаше најавено дека ќе се повлече на крајот од оваа сезона, по турнирите во Париз, Лондон (Вимблдон) и во Њујорк, но дека се откажала од тоа, затоа што никако не може да ја санира повредата на рамото.

Тешко ми е да си заминам од терените на кои сум 28 години, но ова мораше да се случи, па затоа му велам збогум на тенисот

…има таа напишано на страниците на угледните и тиражни списанија „Вог“ и „Венити Феар“, признавајќи при тоа дека тенисот многу ќе и недостига.

„Тенисот ми даде живот, а јас му го посветив целиот свој живот“ – вели Шарапова.

Има освоено вкупно пет Гранд слем турнири. Првиот го освои на 17 годишна возраст, во Вимблдон, кога во финалето ја совлада тогаш несовладливата Серена Вилијамс. Последната ваква титула ја има освоено на „Ролан Гаро“ турнирот во Париз.

Рано почна да има проблеми со повредите, а нејзината кариера тргна забрзана надолу, откако беше обвинета за користење стимулативни средства (таа и сега се брани дека биле лекови, дозволени од лекар). Беше казнета со забрана за настап од две години, но подоцна казната и беше намалена на 15 месеци.

Не го криеше своето разочарување што некои помлади тенисерки, јавно се спротивставија на ублажувањето на казната и на нејзиното враќање на терените, барајќи таа да биде доживотно суспендирана. После тоа, таа никогаш не можеше ниту приближно да им се врати на успесите што порано ги постигнуваше.

Медиумите тврдат дека Марија Шарапова нема да се претвори во пензионерка и дека светот на тенисот и натаму ќе слуша за неа – сега како дел од богатиот маркетиншки бизнис.

Родена е во Сибир, но уште како шестгодишно девојче таткото ја има преселено во Флорида, во САД, во една од тамошните тениски школи, да се оспособи за професионалниот тенис.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе