Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Британците со нови пасоши

jax10289/BigStock.com

Британците со нови пасоши

Британската влада соопшти дека следниот месец ќе се појават првите нови британски пасоши, откако Британија од 31 јануари оваа година, не е повеќе членка на ЕУ.

Промената се извршува по повеќе од 30 години и при тоа, досегашните патни исправи, со кориците во бордо боја, ќе бидат замените со новите што имаат корици во сина боја.

На бојата на кориците на новите пасоши, меѓутоа, владините министри му даваат без малку „историско„ значење.

За нив, сината боја на пасошите се толкува како враќање на една од „ иконите“ која ги обележувала британскиот идентитет и британската посебност.

Пропагирање на Брегзит

Со овој чекор, пасошот одново го усогласуваме со британскиот државен идентитет

…има изјавено министерката за внатрешни работи Прити Пател, инаку Пакистанка по своето оригинално потекло и силен застапник на Брегзит и напуштањето на Европа.

Како еден од „ тврдите“ брегзитери, Пател ја искористи   најавата на новите пасоши , со нова боја, за да одново  им испрати порака на гласачите дека Брегзит „нуди уникална можност за да Британија се лансира себе си во светот“!?

Всушност, во овој прв месец надвор од ЕУ, а пред почетокот на тешките и неизвесни преговори за идните британско-европски односи, брегзитерите користат секоја прилика во јавноста  да ја бранат својата теза уште од кампањата за референдумот, дека земјата сега „ се ослободила“ и дека му се „враќа на светот“.

За многу Британците, меѓутоа, ваквите приказни за некаква нова слобода и враќање на суверноста, се дело на англиските националисти.

Според нив, никој не ја има натерано Британија да влезе во ЕЕЗ пред 47 години, никој на сила ја нема терано да остане во заедницата кога таа стана Европска Унија, ниту пак сега  некој ја спречуваше да излезе од ЕУ.

Сината боја како „икона“?

Британските пасоши со сини корици биле во употреба од 1921 година, се до 1988 година, кога земјите од ЕЕЗ едногласно се договориле пасошите на сите членки да бидат унифицирани, според бојата- сите во бордо.

Во случајот со сегашната измена таа е направена, пред се, да се избришат зборовите Европска Унија, кои се најгоре на пасошите, затоа што Британија не е повеќе дел од Унијата.

И таа измена ќе мораше да се направи, без разлика на бојата на патната исправа.

Од ова лето Британците ќе почнат да добиваат нови пасоши, а сегашните ќе се заменуваат постепено- кога ќе им истече рокот на сегашните.

А, тоа значи дека во наредните десет години илјадници британски државјани ќе патуваат по светот со пасоши на кои ќе биде втиснато името на ЕУ- пред она на Обединетото кралство

Некои лондонски медиуми, се спротивставуваат на тврдењето дека сината боја на британскиот пасош е некаква „икона“ која ја обележува посебноста на Британија, откривајќи дека дури 81 држава во светот имаат пасоши во таа боја, како  САД, Австралија и Канада.

Вака обоени пасоши имаат држави на сите континенти – вклучувајќи ги и БиХ, Израел, Ирак, Сирија и Северна Кореја.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе