Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Нискиот наталитет закана за Италија

EvrenKalinbacak/Bigstock.com

Нискиот наталитет закана за Италија

-Нискиот наталитет веќе е на тоа ниво што претставува закана за иднината на Италија- предупреди претседателот Серџо Матарела, реагирајќи по објавувањето на најновите податоци на државната статистичка агенција.

Според овие податоци, во 2019 година, во земјата која сега е третата економија во ЕУ, имало помалку  новородени бебиња, од умрени лица. Во земјата која како доминантно католичка, некогаш беше позната по својот висок наталитет, во претходната година се родиле 435 илјади деца, или пет илјади помалку отколку една година пред тоа, меѓутоа, починале 647 илјади Италијанци, а тоа е за 14 илјади повеќе отколку во 2018 година.

Помалку население

Бројот на населението во Италија, на тој начин, во една година се намалило за 116 илјади и сега изнесува 60,3 милиони луѓе. Врв во растот на населението бил забележан  во 2015 година, кога во државата е регистрирано дека имало 60,8 милиони жители.

„Ова веќе претставува проблем за државата и закана за нашата (италијанска) егзистенција „ – рекол 78 годишниот претседател. Сега на 67  родени, се регистрирани 100 умрени. Пред десет години овие бројки биле сосема поинакви- имало 96 родени на 100 починати лица.

Во сето ова време, во Италија постои една сосема нова ситуација- а тоа е константниот раст на ново-родените од имигрантските семејства, со што, како што проценуваат експертите, се надополнува намалениот наталитет кај домицилните Италијанци.

Проблемот е европски

Проблемот на Италија не е само нејзин, затоа што станува збор за проблем европски и на ЕУ. Посебно е изразен во земјите- членки од Источна Европа, најмногу во Бугарија, но и во Унгарија, Чешка и Словачка. Намалување во бројот на вкупното население бележи и Германија.

Единствени земји од ЕУ, каде има вкупен раст на населението бележат Велика Британија ( која статистички, по ова прашање се уште се третира како земја- членка) и Франција. За двете држави, меѓутоа, нема раздвојување на податоците , за тоа колкав е процентот во наталитетот на имигрантите, посебно на оние надвор од европскиот континент. Се бележи само бројот на доселените лица. Во Британија од секогаш тука ги бележат и оние од државите на ЕУ, додека во Франција, како мигранти се бележат оние кои се дојдени од земји надвор од Унијата.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе