Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Икеа“ затвора продажен центар во Британија

kruwt/Bigstock.com

„Икеа“ затвора продажен центар во Британија

Шведската компанија „Икеа“ соопшти дека го затвора својот голем продажен центар во англискиот град Ковентри, како што е соопштено, поради слаба посетеност и постојано правење загуба. Околу 400 вработени ќе останат без работа.

Според претставник на компанијата, овој продажен центар кој е нов и почнал со работа од 2007 година, постојано е во криза и никако не успева да направи профит.  За него затоа и се вели дека е еден од ретките неуспеси на „Икеа“ , затоа што уште од првата година и носи загуба на компанијата.

Затворањето на продажниот центар на „Икеа“ во Ковентри е прв ваков случај по излегувањето на Британија од ЕУ, иако одлуката на компанијата не се врзува за Брегзит. Во секој случај, ова е прв пат шведската компанија за мебел, да затвори еден свој продажен центар во Британија.

Компанијата на британска територија има вкупно 22 вакви продажни центри.

„Икеа„ е создадена во 1943 година, а како нејзин основач се споменува Ингвар Кампрад. Прв продажен центар, меѓутоа, фабриката отворила во 1958 година, во Шведска. Набргу потоа, вакви центри биле отворени и во најблиското соседство – во Норвешка и во Данска. Во текот на седумдесетите години на 20 век, започнала експанзијата на компанијата , на почетокот само низ Европа, а потоа и низ целиот свет.

Сега, „Икеа“ има 285 продажни центри, во 37 држави.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе