Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Му го откинала јазикот на партнерот при бакнување!

WedFotoNet.Bigstock.com

Му го откинала јазикот на партнерот при бакнување!

Американката Џулет Веџворт (52) е во затвор, а нејзиниот партнер во болница, со неколку сантиметри откинат јазик, откако во текот на бакнувањето тој останал тешко повреден.

Овој необичен инцидент се случил во Детроит, во САД, минатиот месец при љубовната средба на двојката, а настанот медиумите разбрале од обвинителството, кое побарало детална истрага од полицијата.

Нема сознанија за тоа дали нешто се случувало претходно, освен дека Веџворт го предупредила својот партнер, при бакнувањето да не го вовлекува јазикот во нејзината уста. Во текот на страственото бакнување тој, сепак, не ја послушал, а таа (налутено) го гризнала толку силно за јазикот, што му го откинала.

Интервенирала полицијата откако несреќниот љубовник бил пронајден целиот во крв и без неколку сантиметри од неговиот јазик.

Локалниот обвинител признал дека останал шокиран од целиот случај со кој сега мора да се занимава. „ Ова ми е прв ваков инцидент во мојата 27 годишна пракса откако работам како обвинител“- им рекол на новинарите.

Медиумите откриваат дека полицијата го открила парчето од јазикот на мажот што жената го исплукала, но не се соопштува дали по тоа била направена реконструкција.

Жената е обвинета за нанесување телесна повреда, за што би можела да добие затворска казна од една година.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе