Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Вратена Нобелова награда поради Хандке

ricochet64/BigStock.com

Вратена Нобелова награда поради Хандке

Шведската лекарка, новинар и публицист Кристин Доктар, добитничка на оваа престижна награда за мир во 1988 година, за учество во мировните мисии на ОН, демонстративно ја врати својата Нобелова награда, протестирајќи против одлуката, годинешнава награда за литература да му се додели н контроверзниот австриски писател Петер Хандке.

Зборувајќи во Стокхолм на организиран протест, пред зградата на шведската Академија, таа се присетувала на крвавите војувања на просторот на екс Југославија и укажувала на „ужасните сцени“ со кои се среќавала.

Тој (Хандке) ја доби наградата, а јас ја враќам својата

…рекла Доктар. Притоа, таа истакнала: „Бев горда на Нобеловата награда и тоа беше голема работа за Шведска. Сега меѓутоа, чувствувам само срам и вина“.

Наградата на Австријанецот кој силно го подржуваше режимот на тогашниот српски лидер Слободан Милошевиќ и сосема отворено го негираше геноцидот извршен во Сребреница врз локалните муслимани, предизвика протести во Стокхолм.

Церемонијата ја бојкотираа повеќе држави меѓу кои и Хрватска, БиХ, Косово, Турција, Албанија и Македонија.

Но српскиот претседател Александар Вучиќ, во својот познат стил, игнорирајќи ги реакциите околу наградувањето на контроверзниот писател, му испратил честитка на Хандке и го споредил со Иво Андриќ и неговата Нобелова награда за литература од 1961 година.

Андриќ ја доби наградата како југословенски писател.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе