Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Вратено чешкото државјанство на Кундера

Kletr/BigStock.com

Вратено чешкото државјанство на Кундера

После 40 години, откако некогашните власти во тогашна комунистичка Чехословачка, му го одзедоа државјанството, прославениот писател Милан Кундера одново е државјанин, на сега Чешката Република.

Министерството за надворешни работи во Прага на 90 годишниот Кундера и на неговата сопруга им го врати државјанството на државата од која потекнуваат, без никаква церемонија, во нивниот дом во Париз, каде сега живеат. Во соопштението на Министерството се вели дека книгите на Кундера ја направија Чешка да биде позната низ целиот свет.

„Иако ова ништо нема да измени во нивните животи, обајцата беа среќни со примањето на чешкото државјанство, затоа што станува збор за чин кој има симболично значење“

…изјавил чешкиот амбасадор во Франција кој им ги предал потврдите дека Кундера и неговата сопруга одново се чешки државјани.

Милан Кундера ја напушти Чехословачка во 1975 година и продолжи да живее на Западот, во Франција. Државјанството му беше одземено во 1979 година, по објавувањето на неговата книга во која го исмева тогашниот претседател на земјата, Густав Хусак. Во 1981 година, стана француски државјанин изгонет од својата татковина како политички дисидент.

Повремено има престојувано во сегашна Чешка, но секогаш инкогнито и никогаш нема разговарано со ниту еден новинар.

Во 1993 година, по падот на комунизмот, Чехословачка се распадна на две држави – Чешка и Словачка.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе