Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Пилот претрпел срцев удар за време на летот

twinsterphoto/BigStock.com

Пилот претрпел срцев удар за време на летот

Патнички авион на руската компанија „Аерофлот“, полн со патници, морал принудно да слета на аеродромот во Ростов на Дон, откако еден од пилотите претрпел тежок срцев удар во текот на летањето.

Веднаш по слетувањето пилотот бил итно префрлен во болница, но уште по пат, тој починал – јавуваат московските медиуми.

Руската компанија во своето соопштение вели дека починатиот пилот редовно одел на задолжителните медицински прегледи и дека секогаш ги поминувал сите медицински тестови. Последен пат бил на проверка на своето здравје само еден ден пред да претрпи срцев удар.

Инцидентот со пилотот и принудното слетување, поминало сосема безбедно и никој од патниците и членовите на посадата не е повреден- соопштила компанијата.

„Аерофлот“ во јануари оваа година се соочи со еден поинаков инцидент во текот на летањето на еден друг негов авион, откако пијан патник се обидел да го киднапира леталото. Авионот тогаш наместо во Москва, принудно слетал на еден помал аеродром во Западен Сибир.

Оваа компанија е создадена уште во 1923 година, па „Аерофлот“ е една од најстарите авионски компании во светот. Сопственик на компанијата е руската држава.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе