Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Саша Барон Коен: На Фејсбук би се рекламирал и Хитлер !

G.L./Bigstock.com

Саша Барон Коен: На Фејсбук би се рекламирал и Хитлер !

Британскиот комичар Саша Барон Коен остро ги осуди делувањето на Фејсбук и на другите неколку интернет гиганти, обвинувајќи ги дека управуваат со животите на луѓето на Планетата, мешајќи се во нивната приватност, заработувајќи при тоа огромни пари, а не подлегнувајќи на никакви законски норми што инаку важат за другите.

„Адолф Хитлер, веројатно, би можел да објавува на Фејсбук антисемитски реклами, доколку оваа социјална мрежа постоеше во триесетите години на 20 век, ослободена при тоа од било какви обврски и норми“- рекол Барон Коен, критикувајќи го Фејсбук, како и неговата политика и дејствување.

Според овој комичар од еврејско потекло, Фејсбук би објавил секаква политичка реклама што ќе му се понуди, дури и ако содржи лаги и измислици.

„Извртена логика“

„Станува збор за целосна извртеност и за погрешна логика, па затоа излегува и дека доколку постоеше во средината на триесетите години на 20 век, во времето на нацизмот и владеењето на Хитлер, Фејсбук би дозволил реклама од 30 секунди за „ решавање на еврејското прашање“-рекол Барон Коен, зборувајќи на конференцијата на Здружението за борба со антисемитизмот (АДЛ).

Коен, затоа,  бара од Фејсбук да ја проверува содржината на рекламите, пред тие да бидат објавувани и доколку носат во себе погрешна содржина, со погрешни информации, парите на оние кои ја нарачале рекламата да им бидат вратени, а таа да не биде објавена.

Фејсбук , меѓутоа, од септември оваа година објави дека повеќе нема да ги прочистува политичките реклами, оценувајќи дека тоа е добро за корисниците на оваа социјална мрежа да ги видат такви какви се, затоа што според оваа социјална мрежа тоа било интересно да се види !

Единствено што Фејсбук направи  беше да ги  заостри правилата за транспарентност , за да оние кои се рекламираат (огласуваат) , за да може да се види и за да се утврди кои се тие, или поедноставно речено , социјалната мрежа сега бара тие (огласувачите) да се идентификуваат.

Антисемитизмот се уште е жив

Реакцијата на Саша Барон Коен доаѓа речиси истовремено со едно истражување направено во Европа од кое се гледа дека антисемитизмот на Стариот континент, каде се роди нацизмот, каде почна Втората светска војна и каде беа извршени досега најголемите и најстрашни злосторства во човештвото- во концентрациони логори да се собираат припадници на еден народ- Евреите-во најголем број, а потоа да се убиваат во гасни комори- се зголемува.

Над 40 отсто од луѓето во Полска, Унгарија и Украина, земјите каде постоеја најголемите нацистички логори и каде нацистите и нивните домашни соработници и помагачи ги имаат извршено најтешките злосторства во текот на последната војна, признаваат дека и сега, во 21 век,  се антисемити и дека ги мразат Евреите!

Барон Коен како комичар се прослави со телевизиската серија и филмот „Али Џи“, но светски познат стана по комичниот филм „ Борат“ каде толкува лик на новинар од Казахстан. За овој филм  во 2006 година тој ја освои наградата Златен глобус. Коен успешно се има појавено и во еден „ сериозен“ филм , посветен на сеќавањата за „ таткото“ на современиот филм, Французинот Жорж Милије.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе