Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Четворица обвинети за убиениот словачки новинар

Burdun/BigStock.com

Четворица обвинети за убиениот словачки новинар

Словачкото обвинителство, најпосле, после 20 месеци, покрена формални обвинувања за четири лица, осомничени дека се вмешани во убиството на тамошниот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова.

Меѓу обвинетите се наоѓа и човекот за кого од почетокот на истрагата се веруваше дека е вмешан во убиството и дека дури е и организатор на злосторството. Станува збор за еден словачки бизнисмен, чиј идентитет, меѓутоа, ниту сега не се открива.

Случајот со убиството на новинарот кој се бавеше со истражувачко новинарство, предизвика политички бранувања во Словачка. Во Братислава и во другите градови беа организирани масовни протести, што предизвика политичка криза во оваа источноевропска земја, членка на ЕУ. Кризата кулминираше со оставка на владата на премиерот Роберт Фицо, а беше сменет и директорот на словачката полиција.

Истрагата верува дека убиството на новинарот Куцијак и на неговата свршеница, што се случи на 21 февруари 2018 година, е директно поврзано со неговата истражувачка работа, околу можната корупција во владата.

Обвинителството тврди дека за убиството на двајцата биле платени 70 илјади евра.

Локалните медиуми притискаа врз правосудните органи за забрзување на целата постапка околу истрагата, како и за подигнување обвинувања против осомничените кои во дел од јавноста, подолго време се споменуваа. Од двојното убиство, до подигнувањето на обвинувањата поминаа една година и осум месеци.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе