Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Копола „несреќен“ поради Џонсон

Eldar Nurkovic/Bigstock.com

Копола „несреќен“ поради Џонсон

Прославениот американски филмски режисер Френсис Форд Копола изјавил дека е „длабоко несреќен“ затоа што неговиот филм „Кум“ му е најомилениот на актуелниот британски премиер Борис Џонсон.

Според изјавата на режисерот, што ја пренесуваат медиумите во Лондон, Џонсон на тој начин им се придружил на „ некои од најсуровите личности во историјата“ какви што се поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, или либискиот Моамер Гадафи кои , исто така, имаат речено дека „ Кум“ им е најомилениот филм.

-Се чувствувам навистина лошо кога сцени од гангстерски филм (каков што е „Кум“) можат да инспирираат било каква акција во вистинскиот живот, а посебно кај некој ( мисли на Џонсон) за кого гледам дека ја води Велика Британија во пропаст- рекол Копола.

Американскиот режисер кој е остар критичар на актуелниот британски премиер смета дека тој е, како што рекол Копола, на добар пат да го уништи Обединетото кралство.

„Јас ја обожувам Британија, го почитувам многу нејзиниот придонес за модерната цивилизација, па затоа сметам дека е вистински ужас што тој ( премиерот)  воопшто разгледува еден таков будалест потез- каков што е напуштањето на ЕУ“- рекол Френсис Форд Копола.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе