Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Пенс му плаќа на Трамп – за хотел

Whoisjohngalt & Ali Shaker/VOA

Пенс му плаќа на Трамп – за хотел

Американскиот потпретседател Мајк Пенс кој се наоѓа во посета на Република Ирска, престојува на крајниот запад од островот, во Данберг, оддалечен 300 километри од главниот ирски град Даблин. Таму Пенс ги одржува и своите официјални состаноци и средби. Според објаснувањето на кабинетот на потпретседателот, што го пренесуваат медиумите во САД, ова место не е случајно одбрано, затоа што неговото семејство потекнува од тој дел на Ирска. Токму поради тоа, заедно со него на ова патување се наоѓаат и мајката на Пенс и неговата сестра.

Меѓутоа, посетата и престојот на потпретседателот во Данберг предизвикаа политичка бура во Америка и остра реакција на тамошните демократи, како ретко кога при патувањата на вториот човек во администрацијата. Причината за тоа не е политичка, туку затоа што Пенс во овој ирски град отседнал во локалниот, елегантен хотел и голф клуб кои се сопственост на компанијата „Трамп Интернешенел Голф линкс енд хотел“.

Тоа, пак, значи дека потпретседателот, со својата службена придружба и со најблиските свои роднини, престојува во хотелски комплекс чиј сопственик е актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Американските прописи предвидуваат дека сите трошоци и патувања на претседателот и на потпретседателот на САД, паѓаат на товар на државниот буџет, односно се плаќаат од тамошните даночни обврзници. Во тоа нема ништо необично, затоа што тоа е така уредено во сите држави во светот. Но, во овој случај со Пенс излегува дека од американскиот буџет, државата ќе треба да му се плати на (претседателот) Трамп, за хотелското сместување, исхраната и за сите други трошоци што ги има направено (потпретседателот).

Американските демократи кои остро ја осудуваат оваа „зделка“ на првиот и вториот човек во политиката на САД ја квалификуваат како „пример за корупција“. Дел од медиумите уште и тврдат дека Пенс бил приморан да спие и да престојува во хотелот на Трамп, затоа што тоа му го „наредил претседателот“.

На ваквите обвинувања реагираше кабинетот на Пенс, според кој Доналд Трамп не му наредил на потпретседателот (каде да престојува додека е во Данберг) туку дека „само му сугерирал што е најдобро за сместување“ во тој дел од Ирска.
Кабинетот, преку неговиот портпарол, уште појаснил дека Мајк Пенс самиот, од својот џеб, ги плаќа сите сметки за неговата мајка и за сестрата.

Така или не, на крајот, сепак, работата се сведува на тоа дека потпретседателот на САД, сега ќе треба да му плати за хотелските трошоци, на својот шеф, на американскиот претседател.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе