Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Секс-аферата Луински како тв серија

kathclick/BigStock.com

Секс-аферата Луински како тв серија

Третата сезона од популарната американска телевизиска серија “American Crime Story” ќе биде целата посветена на секс-аферата меѓу Моника Луински и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, јавуваат тамошните медиуми.

Поради таа афера, Клинтон за малку избегна постапка за импичмент (отповикување) и за сменување од претседателската функција. Луински беше една од помладите соработнички во Белата куќа, кога се верува дека и ја почнала својата врска со тогашниот претседател.

Таа сега е една од продуцентите во серијата која ќе се прикажува под насловот -„Импичмент : американска криминална приказна“. Снимањето се најавува за февруари 2020, а во САД ќе почне да се прикажува од крајот на септември следната година. Сценариото ќе биде направено врз бестселерот на Џефри Тобин од 1999 година, што пред 20 години се појави под наслов “Голем заговор- Вистински секс скандал кој речиси го собори претседателот“.

Најжешка тема

Во улогата на Моника Луински ќе се појави актерката Бени Фелдстајн, додека во улогата на нејзината најблиска пријателка и колешка Линда Трип, ќе се настапи Сара Полсон. Ликот на Трип е можеби најважниот во серијата, покај оној на Луински, затоа што таа тајно ги има снимено сите доверливи разговори во кои Моника и се има исповедано за нејзината сексуална врска со американскиот претседател. Токму Трип ја има и откриено аферата во јавноста, која набргу се претвори во првокласен скандал што предизвика политичка криза во земјата.

За првата сезона од серијата беше користена книгата “Народот против О.Џ. Симпсон“ која беше извонредно добро прифатена од гледачите, а актерите Кјуба Гудинг и Сара Полсон кои ги толкуваа главните ликови во таа серија ги освоија наградите „Еми“

Во првите две сезони од емитирањето од серијата “Аmerican Crime Story” беа обработувани вистински настани кои ја потресоа американската јавност и САД, но се верува дека скандалот околу недозволената сексуална врска на шефот на државата и на многу помладата приправничка во американската администрација, е досега далеку “најжешката“ тема, затоа што жртва на аферата ќе беше тогашниот претседател на САД.

Интервенција на Хилари

Освен што изврши прељуба со друга жена, Бил Клинтон ја излажа својата сопруга “Првата дама“ на САД, Хилари Клинтон, а потоа и целата американска јавност, уверувајќи ги сите дека немал никаква афера со Луински, а на почетокот и дека ниту ја познава.

Кога се појавија тајно снимените ленти, направени од Линда Трип, претседателот мораше се да признае и јавно им се извини на Американците, но републиканците, предводени од тогашниот Спикер на Конгресот, Њут Гингрич, покренаа истрага од специјален иследник и иницијатива за импичмент.

Стана јасно дека републиканците бараат “одмазда“ за аферата Вотергејт и за изнудената оставка на Ричард Никсон, но Клинтон, во секој случај, беше виновен зашто ги излажа Американците. Тогаш, интервенираше неговата сопруга Хилари Клиинтон која во едно ТВ интервју застана зад својот неверен сопруг, уште прикажувајќи ја целата постапка како обид за “десничарски пуч“ против претседателот, успевајќи, како сега се верува, да направи пресврт во целата афера.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе