“Симсонови“ погодиле за Трамп
Популарната американска цртана ТВ серија „Симсонови“ која се прикажува повеќе од 30 години, има предвидено повеќе настани, што подоцна навистина и се случиле- откриваат некои од нејзините автори. Во интервју за една британска телевизија, сценаристката Стефани Џилис има речено:
“Сите ние, вклучени во серијата, како да ја предвидуваме иднината“.
Едно од највпечатливите такви предвидувања, што телевизиското “семејство“ Симсонови го погодиле било дека Доналд Трамп ќе стане претседател на САД. Други такви предвидувања за настани што подоцна навистина се случиле, според авторите, биле епидемијата на ебола во Африка, како и настапот на Лејди Гага на “Супер боул“ (финалниот меч во американски фудбал).
Авторот во ТВ серијата, писателот Ал Џин раскажува дека уште во 2000 година, собрани сите заедно на еден од редовните работни состаноци, почнале да нагаѓаат која позната личност од американскиот јавен живот би можела да ги изненади политичарите и да стане претседател. Почнале, сите по ред, да набројуваат имиња. На крајот, се определиле за Трамп, кој тогаш не бил на врвот од популарноста кај Американците, иако не бил ни целосно непознат. Дури 16 години подоцна, од неговото споменување во серијата, тој навистина беше избран за претседател. Излезе дека „Симсонови“, можеби единствени, погодиле за Доналд Трамп.
Во разговорите со новинарите, Џин признал дека откако “Симсонови“ почнаа да предвидуваат и да погодуваат настани, кои потоа и се случуваа, во јавноста почнале да се јавуваат приказна дека екипата автори се способни да ја предвидуваат иднината. Тоа во 2001 година, велат дека им има создадено проблеми од оние кои се опседнати со теориите за разни заговори.
Во една епизода, семејството на Барт Симсон отидоа на излет во Њујорк. Во сценариото има многу симболика со терористичките напади од 11/9/2001 година. Прво, Симсонови решаваат да го посетат Светскиот трговски центар (Кулите близначки) што терористите ги уништија во нападот, а не било која друга позната и за туристите популарна локација. Потоа, цената на билетите за посета направивме да бидат 9 долари, а да се задржат на 11 спрат, па излезе како да сме ги предвиделе и погодиле датумот за нападот. Од тоа се создаде завереничка теорија, од која екипата едвај се има извлечено – раскажуваат луѓето кои ги создаваат епизодите за серијата.
„Но, сето тоа беше само чиста случајност. Ништо друго. Ние сакаме само да погодуваме што би можело да се случи и тоа да го врземе за „семејството“ и за нивните доживувања“- рекол за британските медиуми Ал Џин.
Компанијата Фокс, неодамна соопшти дека цртаната серија “Симсонови“ ќе се емитува уште во следните две сезони.