Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Русија ги уценува Балканот и Истокот

rootstocks/BigStock.com

Русија ги уценува Балканот и Истокот

Русија го користи природниот гас и зависноста на државите од оваа енергетска суровина, за да ги уценува Балканот и Истокот на Европа – се вели во извештајот на американскиот Пентагон, посветен на руските стратешки намери.

Според овој извештај кој го пренесува американскиот интернет весник „Политико“, Москва го користи ова свое „оружје“ за да влијае врз донесувањето одлуки на државите партнери и сојузници на САД, или за нивното казнување кога одлуките на државите од овие два региони во Европа, не се во склад со руските интереси. Тоа посебно се чувствува меѓу 13-те источноевропските земји, поранешни комунистички држави од некогашниот идеолошки блок врзан за Советскиот Сојуз кои увезуваат дури 75 отсто, а некои и повеќе, од рускиот природен гас.

Русија користи т.н. хибридно војување за да го шири своето влијание во Европа, а посебно во регионот на Балканот. Москва применува техника на поттикнување поделби во општеството, го ослабнува цивилното (граѓанското) општество и дејствува за поткопување на повеќепартиското живеење.

Во соопштението на Пентагон се посочува дека како еден од одговорите на нападот од страна на Русија, треба да биде инсистирањето од неопходното промовирање на политичката и економската либерализација. Извештајот и сугерира на ЕУ да преземе мерки за спротивставување на руската агресивна политика, на тој начин што ќе го поттикнува и што ќе го охрабрува либерализмот, нудејќи специфични опции за членство на оние држави, чии моментални изгледи за полноправно членство (во Унијата) изгледаат нереални, од разни причини.

„Политико“ од своја страна бара поголема вклученост на САД во процесот на спротивставувањето на руската интервенција во Источна Европа и на Балканот, забележувајќи дека неединствениот приод на Вашингтон кон овие прашања го отапуваат американскиот одговор и остават слободен простор на Русија за дејствување и интервенција.

Ерупција на Стромболи

Во најновата ерупција на вулканот на италијанскиот остров Стромболи, загинал еден турист, додека за друг се јавува дека бил тешко повреден. Италијанските медиуми јавуваат дека по силната ерупција, настанала паника, па над 30 посетителите кои тие моменти биле на малиот остров, спас наоѓале со фрлање во морето.

Загинатиот турист кои планирал да се искачува на вулканот, настрадал од удар врз главата од вжештените камења што ги исфрлил вулканот по ерупцијата. Освен за “дождот“ од камења, спасувачките екипи јавуваат и за истекување на лава.

Персоналот на еден од локалните хотели, изјавиле за медиумите дека ерупцијата била проследена со “силна и бучна експлозија“, а потоа целиот простор бил покриен со голем облак од вулкански пепел.
Стромболи е мал остров во Тиренското Море и е лоциран северно од Сицилија. На островот каде постојано живеат 500 жители, се наоѓа и еден од трите „живи“ вулкани во Италија. Покрај овој на Стромболи, на италијанската територија има уште два други активни вулкани- Етна на Сицилија и Везув, крај Неапол.

Принцезата Аја побегна од шеикот на Дубаи

Принцезата Аја Бинт-ал Хусеин, сопруга на шеикот Мохамед ал Мактум, кој владее со Дубаи, го напуштила својот моќен сопруг и сега се крие во Лондон. Станува збор за еден крајно редок и невообичаен чекор на некој од женскиот дел на кралското семејство во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Лондонските медиуми пишуваат дека прв знак за тоа дека се случува “нешто невообичаено“ кога станува збор за принцезата, е нејзиното отсуство од годинешниве коњички три во англискиот Аскот, што традиционално се одржуваат во јуни, под покровителство на британското кралско семејство. Таа досега биле редовен посетител, особено што Аја е голем љубител на коњичките трки, поранешен професионален јавач и учесник на Олимпијадата во Сиднеј, во 2000 година, на коњичкиот турнир.

Медиумите пишуваат дека таа се крие во Лондон, стравувајќи за својата безбедност и за животот, како и дека веќе се подготвува за судскиот спор со својот сопруг.

Принцезата Аја не е било кој во кралските семејства на Блискиот Исток. Таа е ќерка на поранешниот јордански крал Хусеин и полусестра на сегашниот крал на Јордан, Абдула, син од вториот брак на починатиот Хусеин.

Родена е во 1974 година. Своето детство го минува во Британија, школувајќи се во неколку тамошни угледни, приватни училишта. Дипломирала на универзитетот во Оксфорд политика, економија и филозофија.. Во 2004 година, на 30 годишна возраст таа се омажила за 13 години постариот шеик Мохамед. Во бракот Аја е влезена како негова шеста сопруга. Шеикот е татко на 23 деца, родени од разни сопруги.

Мохамед ал Мактум е премиер на Обединетите Арапски Емирати. На својата интернет страница тој има само напишано “женско предавство“ не посочувајќи име, ниту за кого станува збор.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе