Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Русија се враќа во Африка

Wolwerth Imaginery/Bigstock.com

Русија се враќа во Африка

Официјална Москва подолго време се подготвува да се врати во Африка и да се смести на овој континент, на начин кој во почетокот  можеби , не би бил како оној на поранешниот Советски Сојуз, но кој во секој случај на Русија би и овозможил да ја доизгради својата стратегија за целосно враќање на меѓународната политичка сцена – како светска сила.

Таквата руска определба не претставува изненадување. Прво, затоа што претседателот Владимир Путин, од неговото влегување во Кремљ настојува да му  покаже на светот  дека Русија продолжува од таму каде што застана СССР, по неговиот распад, иако сега во сосема  поинакви глобални состојби. Кога станува збор за  африканскиот континент, таму веќе е силно присутна Кина, особено во секторот на рударството и експлоатацијата на минералите, а во последно време  навлегуваат и Индија и Индонезија, две држави од групата на брзорастечките светски економии во Г20, каде е и Русија. Конечно, за потврда на статусот на светска сила, според московските толкувања, Русија мора да биде секаде присутна, каде што се и  големите од Западот, а пред се САД. Тоа веќе неколку години го покажува со своите постапки на европскиот континент, посебно во односот кон ЕУ, потоа со интервенциите на се уште недоопределениот и кризен Западен Балкан и најмногу на Блискиот Исток , во Сирија, каде Москва , на крајот, ќе излезе дека се избори да биде и да остане  главниот играч.

Активности на Москва во Судан

Западни стратешки аналитичари проценуваат дека Москва веќе го има започнато своето навлегување во Африка и тоа го врзуваат за забележаните засилени руски активности во Судан и во Централо Африканската Република (ЦАР) . Станува збор за две кризни жаришта на „ црниот континент“ , посебно тоа се однесува на Судан, каде веќе подолго време има широко распространети анти-владини протести кои најчесто се насилни. Во овие две држави , покрај забрзаната обнова на економските односи, на државно ниво,  е забележано и присуството на разни приватни руски фирми, вклучени во безбедноста и во продавањето оружје.

Руското настојување да навлезе во подсахарска Африка , засега, се објаснува со развој на трговијата , но Москва сака во овој дел од светот да воспостави воени и безбедносни врски, што покрена бројни шпакулации околу тоа дека Русија се враќа на африканскиот континент, но овој пат испраќајќи како претходница на државата – платеници. Тврдењето дека Русија веќе е замешана во внатрешните ситуации на Судан и на ЦАР, се засилија во јули 2018 година кога во Централно Африканската Република беа убиени тројца руски новинари. Најверојатно биле ликвидирани затоа што го истражувале присуството на руски платеници во оваа земја, но и во соседен Судан и на континентот. Москва побрза да ги демантира ваквите тврдења во светските медиуми, но не се потруди да ги отфрли обвинувањата дека руски трговци и приватни фирми нудат и продаваат оружје и ги нудат своите „ безбедносни“ услуги на сите кои добро ќе платат.

Расте продажбата на оружје

Некогашниот Советски Сојуз беше  широко присутен и мошне активен во Африка, во годините на Студената војна и на глобалната политичко-идеолошка поделба . Проценки се дека сегашнто враќање, главно, е насочено на продавањето оружје, иако рускиот извоз на оружје, пред се, е определен кон азискиот континент. Според податоците на SIPRI ( Stockholm International Peace Research Institute ) дури 66 отсто од рускиот воен извоз – за периодот меѓу 2013 и 2017 година – одел во реонот Азија/Океанија, потоа 13 отсто во Африка, но без Египет, други 11 отсто на Блискиот Исток, во Европа 6,2 отсто и на целиот американски континент 4, 2 отсто.

Кога станува збор за Африка овој угледен шведски инситут посочува дека оружје од Русија набавиле девет земји- Судан, Ангола, Буркина Фасо, Камерун, Екваторијална Гвинеја, Гана, Мали, Нигерија и Јужен Судан. Во советско време и во периодот кога на чело на Египет беше Гамал Абдел Насер, Москва ги пополнуваше сите потреби за оружје за најнаселената арапска држава, но откако претседател стана Анвар ел Садат, па преку годините на Хосни Мубарак, САД  ја презедоа улогата на  основен лиферант на оружје и вооружување за египетската армија. Во последно време, меѓутоа, Египет одново е на пат биде и руски потрошувач.

За африканските држави, најинтересни се руските воени транспортни средства, хеликоптерите, но и борбени авиони и ракетни системи земја- воздух. Руската воена опрема, по правило, е поевтина од онаа на западните држави, па затоа е и поатрактивна за посиромашните држави на африканскиот континент. За разместувањето на Русија во Африка зборува и договорот,  руската воена морнарица одново се смести на југот од Црвеното Море, во едно од главните пристаништа, на „ немирната“ Еритреја.

Оружјето, сепак, не е само она поради кое Русија се враќа во Африка, со намера таму и да се стационира на еден подолг период. За Москва се интересни и минералите, пред се, магнезиумот и хромот , како и бокситот, за добивање на алуминиум, па компанијата „ Русал“ веќе има долгогодишен договор со Гвинеја. Конечно, иако и самата е производител, Русија е прилично заинтересирана и за африканските дијаманти и за тоа има договор со Ангола, земјата која во времето на Советскиот Сојуз беше главниот воен, политички и идеолошки сојузник во подсахарскиот дел на континентот.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе