Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Русија се мешала во сите социјални мрежи

JournalismbyDesign/BigStock.com

Русија се мешала во сите социјални мрежи

Русија и руските специјални агенции биле замешани во сите големи социјални мрежи во текот на кампањата во САД за претседателските избори во 2016 година – се вели во извештајот од истрагата на американскиот Сенат. Истрагата открила дека Москва била инволвирана во Јутјуб, во Тамбир, Инстаграм и Пеј Пал, како и во најголемите – Фејсбук и Твитер. Во сите нив биле ширени лажни информации, грда пропаганда и изобилство од дезинформации. Во извештајот на сенатската комисија се критикуваат и сите овие компании затоа што, како што се вели, не обрнале никакво внимние за можноста да бидат нападнати на ваков начин. Освен тоа, им се замера што кога почнале да откриваат што се случува, делувале некоординирано. За истрагата се истражувани десетици милиони постови на сите овие социјални мрежи. “Сега е јасно дека сите биле искористени за мешањето на Русија во изборите од пред две години и со лагите што преку мрежите биле пласирани”- се вели во сенатскиот извештај. Во материјалот понуден на јавноста се посочува и дека сите пораки што се појавувале, како лажни вести и како дезинформации, биле насочени да му помогнат на тогашниот републикански кандидат, сега претседател на САД, Доналд Трамп. Лагите и подметнувањата оделе до таму што биле насочувани за потикнување и меѓурасна нетрпеливост, како и бела супремација.

Истрага за “fake news”

Британската Би-Би-Си соопшти дека покренува еден глобален проект што ќе треба да го испита феноменот на “fake news” (на лажните вести) кои се повеќе се шират низ светот на медиумите и на информациите. “Ние сите, досега, само зборуваме за оваа појава, за овој феномен, но немаме практично ништо направено да му се застане на патот” – рекол за лондонските веснци еден од раководителите на Светскиот сервис на оваа британска новинска компанија. Испитувањето треба да утврди како тие се создаваат, кои луге ги потикнуваат и како се рашируваат и да се најде најдобриот начин за пресметка со феноменот, откако ќе се обелодени од каде и зашто тргнуваат лажните вести. Сегашната проценка е дека ниските стандарди на медиумите, на глобално ниво, е погоден терен за постоењето и ширењето на лагите во медиумите. Ваквата работа е преку потребна, посебно денес во услови на сосема новата комуникација и можностите и заканите што таа ги носи со себе. Покренувачите на овој проект инсистираат дека голема улога во борбата за враќање на довербата во точната и вистинската информација имаат сите провајдери на интернет.

Британија продолжува да издава “златни визи”

Владата во Лондон прифати да се одложи на неопределено време запирањето издавање на т.н. “златни визи” на странски инвеститори, милијардери и богати странци кои преку ред добиваат британска виза и дозвола за престој, со жителство во Британија, доколку своите пари го внесат во британските банки, или ги вложат во некаков проект. Владата на премиерот Тереза Меј, досега на неколкупати, навестуваше прекин на ваквата пракса и пресметка со злоупотребите што се јавуваат околу ваквите визи. Со прописот на британскиот Хоум Офис, “златна виза” може да се добие со минимум два милиони фунти (2,2 милиони евра) вложени во некоја домашна инвестиција, или во владините обврзници. Намерата со прекинувањето на оваа пракса беше да се блокира организираниот криминал и перењето на пари. Околу три илјади странци- инвеститори имаат сега вакви, привилегувани визи. Околу 60 отсто од нив се Руси и Кинези. Претставник на Министерството за внатрешни работи изјавил дека “ваквите визи засега нема да бидат суспендирани, но дека останува решеноста тоа да се направи, во текот на идната година”. Не е соопштено зашто е донесено вакво решение. Колку што се знае, продолжување на визата не доби само рускиот милијардер и сопственик на ФК “Челси” Роман Абрамович.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе