Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Могерини : Мора да отвориме преговори со Скопје

Belish/Bigstock.com

Могерини : Мора да отвориме преговори со Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, Федерика Могерини, изјави дека Брисел „мора да ги отпочне преговорите со Скопје“ за членство во Унијата, означувајќи го тоа како еден од главните европски приоритети.

Во својата изјава пред пратениците во Европскиот Парламент, кој расправаше по извештајот за надворешната, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ во годината која изминува, Могерини има речено дека  интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Унијата, претставува еден од најважните приоритети на европската надворешна политика. Нашата цел е сите балкански држави да бидат дел од ЕУ и за тоа имаме две важни задачи – првата, е итно да работиме за да нашите пријатели во Белград и во Приштина склучат спогодба за нормализација на нивните односи – додека втората задача се однесува на  започнувањето пристапни преговори со Скопје, како и со Тирана- изјавила во Стразбур , високиот претставник Могерини.

Во подоцнежното гласање, европратениците со големо мнозинство ги усвоиле извештаите за европската надворешна и безбедносна политика.

Пред крајот на оваа година, Могерини треба да се сретне со премиерите на државите од Западен Балкан. Само Црна Гора и Србија , засега, се во предност пред другите аспиранти за интегрирање во ЕУ, бидејќи овие две држави веќе имаат отворено по десетина поглавја во пристапните преговори.

Во случајот со Македонија, останува да се ратификува договорот од Преспа, во Парламентот во Скопје, со дополнувањата во преамбулата на македонскиот Устав,  а потоа да се изврши ратификација и во Атина. Сето тоа,  заедно со реформскиот пакет на  македонската влада ќе овозможи, од средината на јуни следната година, земјата, конечно, да го започне процесот за отварање на вкупно 35-те поглавја преку кои ќе го обезбеди влегувањето во Унијата, како полноправна земја- членка. Могерини од почетокот на завршната фаза од седумте месеци  интензивни македонско- грчки преговори за разликите околу името на државата, што почнаа во декември 2017 и завршија во јуни оваа година, силно ги подржуваше преговарачките тимови и од двете држави за да се постигне обострано прифатлив компромис.

Договорот од Преспа, на чие потпишување и таа присуствуваше, Могерини подоцна , во Брисел, го означи како „ вистински историски“ за односите меѓу Македонија и Грција, но го посочи и како пример  за целиот регион на Балканот, истакнувајќи го како „ нешто најпозитивно што му се случило на  европскиот континент последниве децении“.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе