Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

“Преспа“ урнек за Белград и Приштина

Фото: Tech. Sgt. Ryan Crane/U.S. Air Force

“Преспа“ урнек за Белград и Приштина

Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скат изјави во Белград дека македонско-грчкиот договор од Преспа, може и треба да биде урнек за регионот и пример за Белград и за Приштина, околу постигнувањето сеопфатен договор и решение.

Според амбасадорот Скат, сега е време да се постигне напредок во дијалогот околу косовското прашање, при што е важно да им се даде прилика на Србија и на Косово да разговараат, да бидат флексибилни и креативни и да дојдат до трајно решение , кое би можело да се спроведе во живот и да биде прифатливо за граѓаните на двете земји.

Амбасадорот на САД рекол дека во регионот „постојат лидери кои делуваат кон донесување решенија„ и спогодби кои се добри за нивните народи и како што потенцирал – „токму тоа е вистинската насока„ во која се движи регионот.

Тоа го покажува примерот на Македонија и на Грција кои успеаја да го решат повеќедеценискиот спор околу името рекол Скат.

„За тоа се потребни храбри лидери кои го презедоа ризикот и направија исчекор напред, па мислам дека тоа може да се очекува да се случи и со Косово и Србија, затоа што мирот и стабилноста се најважната работа и  за двете страни„.

Тој смета дека одржувањето на споровите во живот и зачувувањето „замрзнат конфликт„ (како косовското прашање) е многу полошо решение, затоа што тоа може да произведува само нестабилност и да има негативни последици за иднината.

Скат порачува дека САД како и досега и натаму остануваат посветени на политиката за изградба на стабилен Западен Балкан, за помирување со минатото, за развој и подем на регионот и за негова интеграција во ЕУ. Според него и актуелната американска  администрација и дава силна подршка на Унијата, објаснувајќи го тоа со потребата САД да имаат силен партнер , без разлика на повремените несогласувања , околу некои различни економски интереси.

Американскиот дипломат верува дека доколку се разреши косовското прашање, тоа ќе и ја отвори вратата на Србија за влез во ЕУ, секако со исполнувањето и на предвидените други услови, а на Косово ќе му помогне да ја реализира својата цел- а тоа е влез во меѓународната заедница и членство во ОН. Тој рекол дека САД го признаваат Косово и сметаат дека земјата заслужува да се најде во Светската организација.

Американскиот амбасадор оценил дека Кина и Русија различно дејствуваат во регионот, додавајќи дека додека Пекинг настојува да го прошири своето влијание низ инвестициските проекти, со државни кредити во инфраструктурата, влианието на Москва , на Балканот е „помалигно„.

-Русија не работи за создавање на нешто позитивно, туку дејствува за создавање раздор кај балканските држави, за да ги спречи на нивниот пат кон европските интеграции.

„Таквиот руски ангажман се гледа низ примерите на Македонија и на Црна Гора. Во македонскиот случај, Москва ги подржува оние сили кои се против договорот со Грција, додека во црногорската ситуација, ги подржуваше оние кои сакаа да ја соборат владата во Подгорица„- рекол американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скат.

(Д.Б.)

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе