Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија

Националистите им се закануваат на гласачите

roibu/BigStock.com

Националистите им се закануваат на гласачите

Македонските националисти, предводени од партијата на Христијан Мицковски, непосредно пред одржувањето на референдумот за името и членството на Македонија во НАТО и во ЕУ, почнале да им се закануваат на гласачите низ државата. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ  ги повикувале луѓето на разговор, или ги посетувале  дома и на работните места, барајќи од нив, на 30 септември, да не излегуваат на референдумот, за да не успее изјаснувањето на граѓаните.

Заканата била пропратена со ветувањето дека веднаш по „неуспешниот референдум„ премиерот Зоран Заев „ќе мора да си оди„ па  партијата брзо ќе се вратела на власт. Луѓето се уверувани дека работите одново ќе бидат како што беа порано, пред да биде соборен системот што  во Македонија и во меѓународната јавност беше означен како „груевизам„. Станува збор за систем на авторитарно владеење, со задушена демократија и погазени човекови права, систем во кој се прислушуваат телефоните и разговорите на политичките противници, на  новинари и критички определени пединци, во кој јавно се дисквалификуваат граѓанските организации, доколку не му служат на режимот, систем во кој корупцијата е негов составен дел, каде царува непотизам , каде има купување на гласачите, местење на изборите и во кој право-судниот систем е само орудие на режимот, за да им служи на повластените, лојалните и потплатените.

Практично, сите тие кои во 11-те години на „груевизмот„ добиле ваков статус, продавајќи се за работа, или за било какво работно место, во некоја од големите компании, посебно оние кои беа (или се уште се) под контрола на бившиот режим, во јавниот сектор, работејќи обична работа, или како добро платена елита во некои управни одбори, со заканата се предупредуваат, во никој случај да не се појават на гласачките места. На сите нив им е речено дека доколку не го послушаат барањето на партијата, ќе бидат „казнети„ кога таа ќе ја преземела власта. Тоа значи дека ќе го загубат работното место, што им било дадено, а слично ќе поминеле и нивните најблиски, доколку и тие се дел од „купо-продажната зделка„ според принципот- партиска книшка и согласност за вечна лојалност, за добивање работно место, или за терање бизнис.

Извори од партијата на Мицковски и инсајдери потврдиле дека лугето кои биле повикани на „партиски разговор„  или биле посетени, веднаш потоа го менувале своето мислење за договорот од Преспа, за иднината на земјата и за нејзиното членство во НАТО и во ЕУ, иако претходно добар дел од нив навестувале дека ќе излезат да гласаат и дека ќе гласаат „за„ согласувајќи се дека е време да се стави крај на спорот со Грција и за вистинско евро-атланско интегрирање на Македонија. Инсајдери сметаат дека Мицковски се определил да ги исплаши сите гласачи за кои верува дека се „негови„ кога на теренот станало јасно дека многу од нив сакаат да застанат зад Заев и неговиот повик да се гласа за иднината на земјата, а не за нејзиното назадување.

Националистите со овој свој најнов потег, што се оценува како кукавички и само го покажува вистинското, недемократско лице на нивната партија, потврдувајќи  дека ја измамија домашната јавност. Јавно  се зборува  дека референдумот  не се бојкотира, туку дека им се остава на лугето самите да се определуваат, но во позадината, се предупредуваат гласачите да пазат што прават, како да се однесуваат на 30 септември и да се придружат на партискиот став дека  договорот Заев-Ципрас е „ штетен и спротивен на националните интереси„. Мицковски, всушност, уште еднаш  покажува дека нема никаков авторитет во партијата и дека со него управува тврдата националистичка , русофилска и антизападна струја која не сака и никогаш не сакала договор со Грција. Тоа пак , потврдува дека во партијата која јавно се декларира за евро-атланските интеграции, воопшто не сака да оди во таа насока, однсно дека е против НАТО и против ЕУ, што го покажува целосното отсуство на било која реформа за 11 години владеење со земјата.

Всушност, тоа е позицијата на Никола Груевски – едно јавно да зборува, а зад сцена, во затворен круг да дејствува само во свој интерес.

Тоа го потврдуваат објавените информации на Викиликс, за неговите разговори со американските дипломати во Скопје. Во летото 2008 година, тој на американакиот амбасадор му потврдил дека прифаќа ново име за државата – Република Северна Македонија – односно се согласил со истото име што десет години подоцна го договори актуелната влада. Груевски тогаш барал да се запази идентитетот, јазикот и националноста , односно  идентитет  на лугето да не се врзува за новото име, што е исполнето и што се означува како најважната придобивка на договорот од Преспа.

Викиликс уште открива дека во тие разговори, Груевски инсистирал на одржување референдум, за кој на Американците им рекол дека ќе успее само доколку во преговорите со Атина се успее, новото име на државата да не се врзува за идентитетот на лугето, на нивниот јазик и националност.

Каде е тогаш проблемот со националистите и нивната партија, со Мицковски кој по совет на Груевски, заговара  бојкот на референдум за договор, што практично, ги задоволува сите витални  барања на тогашната власт, а сегашна опозиција. Зашто сето тоа што во 2008 година го прифатил поранешниот лидер, во 2018 година е неприфатливо за актуелниот лидер на македонската националистичка партија? Одговорот може да биде во објаснувањето дека тој не раководи со неа, или дека мора вака да дејствува затоа што не успеа да се испазари за помилување на осудениот екс лидер. А тој и новиот лидер, уште еднаш ја уверуваат јавноста во Македонија, но и надвор од неа, дека за нив, државните интереси никогаш не биле, а не се ниту сега,  најважната работа. Единствената цел секогаш биле личните интереси и задоволства преку кои си обезбедуваат мирно и сигурно владеење.

Мафтањето со националните интереси, цртањето некакви „црвени линии„ и расфрлањето со изјави за заштита на идентитетот по секоја цена,  сега покажува  дека се било само изговор, паравен зад кои на овдешната јавност и се продавале приказните дека само Грција е виновна за блокадата на македонските амбиции. Вистината која се открива е дека Груевски, Мицковски и целото друштво околу нив (со исклучок на поединци кои засега немаат храброст да зборуваат во свое име) не сакале и не сакаат договор за името, затоа што не сакаат земјата да биде дел од НАТО и да се влезе во ЕУ.

Сегашната закана до гласачите дека ќе страдаат и ќе ги загубат позициите кои ги имаат, открива уште една измама на националистите. Тие ги плашеа своите приврзеници дека новата власт ( предводена од Заев) ќе ги исчисти од местата на кои беа удобно сместени, кога овие ќе го преземат управувањето со државата, а излегува дека голем дел од нив се уште се таму каде ги смести „груевизмот„ и дека овој пат немаше чистка на околу 3500 луге што  вмровците ги сменија, во првите шест месеци на власт . Ако се повтореше она од есента и зимата 2006 година, Мицковски  сега ќе немаше со што да ги плаши и да им се заканува на гласачите, за кои верува дека се купени и дека и овој пат ќе послушаат.

Заканата, конечно, ја соголува суштината на „груевизмот„ кој очигледно го одржува и новата партиска гарнитура, а таа е да се купуваат и подоцна да се уценуваат лугето, со закани дека може „се да загубат„. Признанието на некои луге кои веќе се соочиле со партиските закани, потсетува дека „груевизмот„ се уште е присутен, па и сега дејствува паралелно со новата власт, продолжувајќи да биде кочничар на македонските евро-атлански амбиции.

(И.Т.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе