Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Курц: Во ЕУ или под влијание на Русија, Турција…

palinchak/BigStock.com

Курц: Во ЕУ или под влијание на Русија, Турција…

Австрискиот премиер Себастијан Курц изјави дека Европската Унија не смее никако да го заобиколи Западен Балкан, затоа што во тој случај, овој регион може многу лесно да се најде под силно влијание на некој друг.

Курц и Австрија кои претседаваат со ЕУ, до крајот на 2018 година, зборуваше на форумот Алпбах и притоа се заложи  за пристапување на земјите од Западен Балкан во Унијата, предупредувајќи дека регионот се соочува со дилемата – или во ЕУ, или да се остави под влјание на Русија, Турција и на некои други.

“Да се загуби на тој начин регионот кој е премногу блиску до нас (ЕУ) е лошо како за Западниот Балкан, така и нас во Унијата”

“Да се загуби на тој начин регионот кој е премногу блиску до нас (ЕУ) е лошо како за Западниот Балкан, така и нас во Унијата” – рекол Курц на форумот. Тој и официјална Виена се силни подржувачи за влезот на државите од регионот во европското семејство, а Австрија на овој дел од континентот не гледа како на кризно жариште, како што тоа се третираше во минатата деценија. Наместо тоа во Виена се забележува дека на Западниот Балкан има позитивни случувања.

Како исклучително позитивно постигнување, не само за Австрија, туку и на целата ЕУ, претставува договорот на Грција и на Македонија, потпишан во Преспа, во средината на јуни. За него во Брисел се вели дека станува збор за договор со “навистина историско значење”, што е  големо постигнување за Европа и за регионот, а не само за двете соседни држави, особено затоа што во ЕУ се верува дека тој може да има позитивно влијание за создавањето клима на договарање и  компромисно решавање за други, се уште неразрешени состојби во регионот.

Грција и Македонија се уште треба да ги заокружат сите работи околу имплементацијата на постигнатиот договор. Двете страни се соочуваат со отпорот на опозициите и во двете земји кои во своето противење, настапуваат од националистички позиции. Во Македонија на 30 септември ке се одржи референдум за постигнатиот договор и за членството на државата во НАТО и ЕУ, што е врзано со имплементирањето на договорот. Во Грција, до крајот на оваа година, во тамошниот Парламент  треба да се гласа за договорот и за влезот на северниот грчки сосед во Северноатланската алијанса.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на состанок на владеачката партија Сириза, остро ја нападнал грчката опозиција за нејзиното однесување околу разрешувањето на, како што рекол, македонското прашање во изминатиот четврт век, колку што траеше спорот околу името на Македонија, обвинувајќи ја дека еднаш има зборувано за некаков компромис, за да потоа застане и брани националистички позиции.

“Со големи напори, успеавме да стигнеме до историски договор, но некои поради тоа останаа со отворени усти, откако дваесетина пати, изминатите години ги менуваа позициите, според принципот – во понеделник, среда и петок ќе заговараме сложено име, ама во вторник, четврток и во сабота, ќе запаѓаме во националоистички делириум, според аргументите на Златна Зора (ултра-десничарска и националистичка грчка партија)” – рекол премиеро Ципрас, кој на конференцијата зборувал како лидер на Сириза.

Во редовите на македонската политичка опозиција, ситуацијата е речиси идентична. И во Скопје договорот се осудува, како “предавнички” и наводно спротивен на “националните интереси”, иако главната опозициска партија и самата во одредени периоди (далеку од ушите на јавноста во Македонија) тајнo порачувала  дека сака компромис со Атина, според главно истиот терк што е користен и во преспанскиот договор, прифаќајки име “Горна Македонија”. Од оваа партија сега се закануваат со бојкот на референдумот, или со негативна, анти договорот кампања, која практично, би значела и агитирање против членството на земјата во НАТО и ЕУ. Тие тврдат дека нивната партија би можела да издејствува подобар договор со Грција, но не објаснуваат во кои делови од договореното и зошто довореното име “Северна Македонија” е пострашно за националниот идентитет на лугето, од името “Горна Македонија”.

На форумот Алпбах, Курц сепак, повеќе се осврнал на раздвиженоста во Белград и во Приштина околу косовското прашање, забележливо во последните денови на јули и во текот на август. Во Белград, единствената европска престолнина (со Москва) од каде нема честитка и пофални зборови за договорот на премиерите Ципрас и Зоран Заев, иако Грција се прикажува како “сториски сојузник и пријател” досега арогантно се отфрлаше можноста Србија да прави  договор (со компромис)  околу Косово, по углед на оној од Преспа. Наместо тоа, се зборува за  “виновникот” за застојот на дијалогот во Брисел,  со посредство на ЕУ, кој за српската страна, редовно се само косовските Албанци.

Но, речиси наеднаш, официјален Белград, преку изјавите на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на неговиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ кој секогаш кажува повеќе и погрубо од она што го прави шефот на државата, почна да се зборува за нешто сосема ново. Не за создавањето Заедница на српски општини на Косово, што на локалните Албанци им изгледа како “република српска” на косовска територија,  туку за разграничување меѓу Србите и Албанците (на Косово). Таквите изјави во Белград,  веднаш наидоа на разбирање во Приштина, од косовскиот претседател Хашим Тачи , иако тој зборува за корекција на границата.

Австрискиот премиер Себастијан  Курц, држејќи се за формулацијата на Брисел и ЕУ, за тоа, дека во оваа ситуација “треба да им се остави простор на Белград и Приштина да се договорат за нормализација на односите” на форумот Алпбах го изразил своето задоволство  од, како што рекол, забележителното приближување на ставовите меѓу Србија и Косово и дека тоа треба да се искористи за изнаоѓањето трајно решение.

Сите се согласуваат дека тоа, засега, изгледа многу далеку, но 27 годишниот спор, со историски товар стар 25 векови, Атина и Скопје го разрешија за само седум месеци интензивни преговори, при што и двете страни имаат направено компромиси. Интересот да се дојде до решение , беше стратешката определба на Македонија за евро-атланското интегрирање на државата, како членка на НАТО, а потоа и на ЕУ.

(И.Т.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе